ДОМ е за една изборна единица без праг, со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. За ова се залагаме со години, а сме дале и предлог на закон, кој бил одбиен во парламентот.
Ова е нашиот став и во сегашнава дебата околу измените на изборниот модел. Аргументите се познати: на ваков начин ќе и дадеме сериозна шанса на демократијата и на слободната волја на граѓаните, со што ќе се добие поразнобојно и поодговорно собрание, во кое соодветно ќе бидат застапени различни граѓански групи во општеството, според идеологија и определба.
Но за да има фер изборен натпревар, неопходно е да се прочисти конечно избирачкиот список од оние 89.000 „фантомски“ гласачи, за кои ДИК со консензус утврди дека не постојат во ниедна база на податоци. За да не може веќе да бидат злоупотребени од некоја партија, ниту да се подига вештачки прагот за влез на пратеник во парламентот.