Договорот со „Визер“ истекува во јуни, наскоро нов тендер

Договорот со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ истекува во јуни и во моментот се работи на критериумите за новиот тендер што ќе биде распишан наскоро.

– Во моментот се работи на критериумите на тендерот и набрзо тој треба да биде распишан. Нашата заложба е колку што може повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Се планира да се направи подобрување на моделот за субвенционирање на нискобуџетските авиокомпании.