Завршна свеченост за Денот на Европа

Завршна свеченост по повод 9 Мај – Денот на Европа ќе се одржи денеска во Скопје.

Поздравни обраќања ќе имаат Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење во Република Македонија, евроамбасадорот Самуел Жбогар и Давор Пашоски од Фондација Конрад Аденауер во земјава.

На настанот ќе бидат доделени плакета за почесен член на Европско движење во Република Македонија, признание за Посебен придонес во промоција на Република Македонија во Европа и плакета за Европски придонес за 2017 година.

Ќе бидат доделени и награди за студенти – победници на ораторскиот натпревар – Мојата порака до Европа.