Архитектонска изложба „Скопските вертикали“

Во Музеј на град Скопје вечер ќе биде отворена архитектонската изложба „Скопските вертикали“, дел од истражувачки проект што има за цел да се придонесе за повторната видливост на еден од забора­вените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина.

Во основа на истражувањето, што е проследено со публи­кација и изложба, е желбата за подетално проучу­вање на скопските висококатници и кули, производ на еден од доми­нант­ните модели на урбаниза­ција и развој на европските градови во втората половина на 20. век.

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при­паѓаат на периодот од 1950 година до доцни­те 80-ти години од минатиот век, кој исто­вр­емено е и најдинамичен период од исто­ри­јата на развојот на Скопје.

Потпирајќи се на доволната историска дистанца која доз­волува објективно согледу­вање на заемното влијание на општествено-политичките процеси, глобал­ните архитек­тонски движе­ња и технолошкиот напредок врз развојот на урбаната форма, целта на трудот е поде­тал­но проучување на архитек­турата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики што ја одре­д­ваат, како и квалитетите и вредностите кои ги поседува.