Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана.
-Тоа беше грешка, има и снима. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа значи дека сметам дека во блиска иднина е можно решение за спорот за името, изјави Хан.
Хан повтори дека по препорака на Европската Комисија за старт на преговори “најважно сега е да се најде решение за спорот за името“ за земјите членки да ја одобрат оваа препорака.