Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе го напушти Фенербахче и кариерата една-две години ќе ја продолжи надвор од Турција. Тренерот Кочоман не смета на него ниту во следната фудбалска сезона, па одлучил нашиот фудбалер кариерата да ја продолжи во друг клуб како позајмен играч, една или две сезони. На таа одлука, реагираа турските прволигаши, неколку од нив веќе имаат испратено понуди, но одлуката на Кочоман е Елмас да замине од турција.
Сега се на потег Борусија Дортмунд и Лион, кои во преодниот рок веќе имаа испратено понуди до Елмас, кој сепак се реши за Турција. Доколку Фенрбахче прифати, а Елмас се согласи, можно е македонскиот фудбалер скледните две години да игра за некој од овие два клуба, за да ако се докаже потоа загризат да го откупат неговиот договор.