Финалето на македомнскиот фудбалски куп ќе биде комплетна реприза од ланското финале. Истите две екипи, истиот стадион, истиот термин. Тоа значи следно. Финалето ќе го играат Шкендија и Пелистер, ќе се игра на стадионот “Младост” во Струмица, а исто така ќе се игра со почеток во 20 часот. Останува да се види уште само дали Пелистер ќе успее да го одбрани пехарот, кој го освои по подоброто изведување на пенали.
Инаку, ФФМ одлучи датумот на финалниот натпревар да биде 23. мај.
Одреден е и терминот за одигрување на одложениот натпревар меѓу Шкупи и Пелистер. Таа средба која беше одложена по барање на битолчани чии фудбалер се затруја со храна, ќе се игра на 9. мај на стадионот во “Чаир”.