Демократски сојуз: Без одговорност нема реформи

Демократскиот сојуз смета дека во рамките на реформите на судскиот систем мора да се предвиде одговорност за сите кои на било каков начин ја попречуваат правдата, при што посебно треба да се нагласи одговорноста на носителите на високи политички и државни функции.

Во оваа насока предлагаме да се предвиде кривично дело “попречување на правда” за сите кои користејќи ја политичката моќ, спречуваат или опструираат да се води ефикасна борба против тешките облици на организиран криминал.

Извештајот за работата на Специјалното обвинителство само ги потврдува оценките дека во Македонија и покрај промената на Власта и натаму постојат системски слабости и влијание на политичко -финансиски центри  кои спречуваат да се утврди одговорност за грабежот кој се случуваше во изминатиот десетгодишен период.

Доколку и натаму се развлекуваат постапките и релативизира одговорноста, тогаш криминалот наместо зло со кое треба да се справиме, ќе стане “вредносна категорија”.

Со системските промени треба да се продолжи и мандатот на СЈО, без било какви временски ограничувања.