ШЕСТМИНА ВАРДАРЦИ ВО ИЗБОРОТ ЗА ОЛ-СТАР

Доскорешниот тренер на ракометарите на Вардар, Раул Гонзалес и уште петмина вардарци се во изборот за ол-стар тимот оваа сезона. Секако на прво место е Раул Гонзалес кој е во конкуренција за најдобарв тренер, а веднаш зад него се Лука Циндриќ кој конкурира за најдобар среден бек, Тимур Дибиров за најдобро лево крило, Арпад Штербик за најдобар голман, Илија Абутовиќ, за најдобар одбранбен играч и Вуко Борозан за најдобар лев бек.

Во конкуренција за најдобар млад играч е членот на Металург, бекот, Халил Јагањац.

Гласаат фановите и медиумите, играчи и тренери од 16 клуба. Гласањето е отворено до 22. мај, а резултатите ќе бидат објавени на 26/27. мај за време на Ф4 турнирот во Келн.