Почитувани,
Во врска со ставот на Грчката Влада, која преку шефот на дипломатијата Никос Коsијас, порача дека Македонија нема да стане членка на НАТО на претстојниот Самит, бидејќи тие инсистираат на промена на Уставното име за што според него немало време до јуни, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Македонската Алијанса ја поздравува безусловната препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Тоа е добра вест, но не е доволна ниту ги задоволува очекувањата на Македонската јавност. Особено што Kоsијас ни приреди уште еден студен туш. Перцепцијата која со месеци се обидува да ја создаде Владата на Заев и Димитров дека Македонија само што не влегла во НАТО и не добила конкретен датум за преговори со ЕУ, за жал не е реалност. Грчката Влада јасно ја повтори својата позната уцена – без промена на Уставното име, отстранувањето на од нив замислениот Македонски иредентизам нема меѓународен договор, ниту ЕУ и НАТО за Македонија.
ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!
Македонската Алијанса повикува на обезбедување цврста и одлучна национална позиција која единствено може да биде логичен против одговор за уцените и барањата од официјална Атина. Не може Македонија вечно да попушта а Грција да си измислува се повеќе нови и порадикални иредентистички уцени. Бадијала е сервилноста во Владината надворешна политика, преименувањето на аеродромот, автопатот и откажувањето на нашите антички корени. Информациите од преговорите укажуваат дека Заев и Димитров ја довеле Татковината во крајно неповолна и подредена позиција. Ја надминале рамката дефинирана со Времената Спогодба и наседнале на Грчките трикови.
БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ!
Граѓаните нема да дозволат велепредавство. Македонија била, е и ќе остане Македонија.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски