ОСВЕТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО АВСТРЛАЛИЈА ОД СВЕШТЕНИКОТ МИХАИЛ ГОГОВ ДЕЛ II (9)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ 

Во врска со улогата на свештеникот Михаил Гогов (архиепископ г.г.Михаил) во македонското иселеништво во Австралија треба да се нагласи следното:

МПЦ-ОА што дејствува во Австралија, има своја Епархија уште од времето кога митрополитот г. Кирил беше надлежен архиереј за Американско-канадаско-автралиската епархија, како значајно духовно и културно просветно тело. Таа ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода.

Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од австралиската влада, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со заслуги за културниот развој и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија.

Според делото на авторот на овие редови „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД”, „Нова Македонија” 1991 година, Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата.

Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска-австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил. Од есента 1981 година, за архиереј на Австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј. Во 1995 година, пак, за надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар.

Меѓутоа, судските процеси кои, за жал, се водеа дваесеттина години и се водат, во аналите на Македонската православна црква, Охридска архиепископија ќе останат како црна дамка во црковното живеење не само на црквата „Света Петка” од Сиднеј, туку и на десетина други македонски православни цркви кои оставија свој белег за црковното живеење на Македонците на петтиот континент.

11111

Такквата состојбата се измени со формирањето на Сиднејско-австралиската епархија на Македонската православна црква, Охридска Архиепископија, а проблемот се реши на 18 февруари 2016 година. Тогаш, Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, го одобри регистрирањето на Македонска православна епархија како правно лице во Австралија, со седиште во Сиднеј.

Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА реши да го прифати Статутот на новата епархија во Австралиско-новозеландската епархија со што ќе се помогне да се врати мирот кај верниците. На ваквата одлука и’ претходеа долгогодишни конфронтации меѓу дел од црковните општини и митрополитот Петар, на кого одбиваа да му ги препишат имотните тапии. Со нив сега ќе управуваат избраните управи, но ќе бидат под канонска јурисдикција на МПЦ-ОА.

4. Активностите за организирање на Македонците во Сиднеј започнале во 1946 година со формирањето на огранокот на МАНС под име “Весела Македонија”.Група Македонци развиле широки активности во национално и културно живеење, рганизирајќи вечеринки,пикници и сл.

Тоа резултираше да започне формирањето на Македонската православна црковна општина Св. Кирил и Методиј. Управниот одбор на Општината со помош на тогашниот познат свештеник Методи Гогов купил една методистичка црква во убавата населба Розбери.

Објектот бил преуреден во православен духовнонационален дом и адаптиран за вршење богослужби, венчавки, крштевки и други црковни обреди кои за македонските доселеници во Сиднеј значеле пресвртница во нивниот црковен живот. Црквата била осветена на 30 август 1970 година, а чинот на осветувањето го извршил митрополитот Кирил во сослужение на свештеникот Методи Гогов.

5 МПЦ-ОА што дејствува во Австралија, има своја Епархија уште од времето кога митрополитот г. Кирил беше надлежен архиереј за Американско-канадаско-автралиската епархија, како значајно духовно и културно просветно тело. Таа ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода.

Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од австралиската влада, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со заслуги за културниот развој и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија.

Прв и еден од најзначајните архиерејски заменици и мисионер во Австралија беше тогашниот свештеник Методија Гогов, за потоа таа должност да ја превземи свештеникот Методија Лазаревски.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН