Муцунски во Белфаст на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што денеска и утре се одржува во Белфаст.

Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст на процесот на проширување на Европската унија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На состанокот ќе учествуваат министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите–членки на Европската унија вклучени во Берлинскиот процес.

На маргините од настанот, предвидено е министерот Муцунски ќе има повеќе билатерални средби.