УЛОГАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – (О А) ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (5)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Македонските иселеници од сите делови на Македонија новото раѓање на Македонската православна црква го доживеаја како ново и целосно ослободување на национално и духовно-културно поле.Тоа е плод на македонските црковно-национални дејци кои се потрудија да ја претстават дејноста на нашата Света црква преку делото на македонските православни црковни општини, како и преку активностите на културно-просветните и духовно-националните центри во прекуокеанските земји, со посебен осврт на оние во Австралија, Канада и САД

Тоа место, особено му припаѓа на митрополитот Кирил и на четвртиот поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепискоопија (МПН – ОА) г.г. Михаил, кој беше меѓу првите духовно- национални мисионери во Австралија во првата македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Како познат и признат свештеник беш испратен во Мелбурн, во 1966 година, за да ја заврши својата мисија  и да се врати во Македонија  при крајот на 1970  година.

По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитикам и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици. Харизматичниот дедо Михаил ќе остане запаметен како неповторлив професор по омилитика (црковно ораторство).

Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, а за архиреј бил хиротонисан на 25. 12. 1988 година. Неговото Блажество Г.Г. Михаил е познат е по тоа што несакал да ги чита своите богослужбени слова, но е запаметат по неговото ораторство со кое ги надминуваше сите архиереји. Како образован и начитан човек умеел со своите беседи да проникне во душата на македонскиот народ, а заедно со нив доживеа да ужива во плодовите на независноста на Република Македонија.

Инаку, Македонската православна општина „Свети Ѓорѓи“ (а денес „Свети Ѓорѓи и Света Богородица“) во Мелбурн во која ја започна својата мисија  свештеникот Методи Гогов (Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михајл) е прва македонска православна црква изградена надвор од Република Македонија и е дело претежно на Македонци од егејскиот дел на Македонија. Имено, најголемиот број Македонци во Австралија по Втората светска војна и пред тоа беа од Беломорска Македонија доселени главно во државата Викторија.

Најзначаен датум за духовното живеење на Македонците во Мелбурн, а оттаму во целата дијаспора, е 18 мај 1956 година. Тогаш се одржал првиот јавен собир на кој со силен  жар, напор,ентузијазам,патриотски дух и љубов кон Црквата,започнала кампањата за собирање средства сред македонците,нивните пријатели и симпатизери, со цел да се изгради македонски храм,што ќе им служи на сите православни македонски христијани во Мелбурн и Викторија.

risteski2345

Првите подготовки за црковното организирање датираат од крајот на 1955 и почетокот на 1956 година. Вистината за создавањето на македонската православна општина и градбата на црковниот храм наиде на силен отпор кај непријателите. Оваа акција била нарекувана антигрчка и антибугарска, дури имало обиди да се нарече и како антирелигиозна. Дневниот печат бил полн со статии против акцијата на Македонците со цел да се спречат емигрантите од Македонија да имаат своја православна црква,во која ќе се служи евангелистичката мисла на македонски јазик.

Затоа, под притисок на бугарската, грчката и на српската православна црква предлогот на Иницијативниот одбор не бил прифатен ни од претседателот на Општината Фуцрој (дел од Мелбурн), со мотивација “дека во минатото била направена спогодба меѓу балканските држави дека нема да има македонска православна црква“.

Меѓутоа, Македонците имаа пријатели во христијанските цркви, особено во Англиканската црква, која сите крштевки, венчавки, погреби ги примила под свој благослов. Значаен датум за оваа црква е Илинден 1959 година. кога во присуство на 4. 000 македонски доселеници од сите краишта на Австралија и нивни пријатели беше поставен и осветен камен-темелникот на Македонската православна црквана општина „Св. Ѓорѓи“. Во Мелбурн.

Најзначаен и најисториски ден за оваа црква е 7 август 1960 година,кога, епископот Злетовско-струмички, г-дин Наум во сослужение со неколку македонски свештеници го освети храмот. Тој е прв македонски храм во дијаспората осветен од македонски владика, кој за прв пат ја изрече светата литургија на својот мајчин македонски јазик. Овој голем настан во Мелбурн беше од извонредно значење за Македонците во Австралија и воопшто за Македонците во дијаспората.

Црквата Св. Ѓорѓи ги поттикна Македонците ширум светот да се зближат,да градат и да црквуваат во свои духовно-национални храмови,со што се афирмираат како посебна нација и ја шират вистината за македонскиот народ и нивната дедовска земја – Македонија.

Свештеникот Методи Гогов (архиепискот Михаил)   бил меѓу првите мисионери во Австралија во првата македонска  православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитика и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици,

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН