Димитров: Препораката од ЕК победа за сите граѓани

Безусловната препорака што денеска Македонија ја доби од Европската комисија е голема победа за сите граѓани, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димиров на средбата во Скопје со чешката делегација, предводена од пот претседателот на Сенат, Јири Шестак.

– Безусловната препорака е голема победа за сите Европејци – граѓани на Република Македонија – кои дигнаа глас и успееја да ја вратат државата на вистинскиот пат. Ова е прекрасен ден за средби со европски пријатели, особено како Република Чешка, која е силен поддржувач на европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија и регионот, рече Димитров.

Изрази задоволство што Македонија и формално добила потврда и се заблагодари за чешката поддршка на патот на европски и евро-атлантски интеграции.

Блиската билатерална соработка меѓу Македонија и Чешка, со акцент на поддршката на Чешка кон евроатлантскиот пат на Македонија и најскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ беа во фокусот на средбата.

На средбата, како што соопштио МНР, беше укажано на можностите за натамошно интензивирање на соработката во повеќе области од заемен интерес.

И двете страни ја потврдија активната паралемтарна соработка меѓу двете земји, како и можностите за нејзиното интензивирање и продлабочување во иднина.

Министерот Димитров информираше за реализацијата на Планот 3-6-9 на Владата, како и за досегашните активности кон подобрување и продлабочување на добрососедските односи во насока на затворање на отворените прашања со соседите.

Чешката парламетарна делегација, предводена од Шестак, во земјава ќе престојува до утре. Во состав на делегацијата се претседавачот со Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност, Франтишек Бублан, претседавачот со Комисијата за европски работи, Вацлав Хампл, шестмина други сенатори и двајца секретари.