Конференција „Системската корупција – најголема безбедносна закана“

„Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“ е темата на 16-та меѓународна научна конференција што во организација на Факултетот за безбедност Скопје, ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници. 

На отворањето на конференцијата најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје.

Излагање ќе имаат и експертите од областа: проф. д-р Миодраг Лабовиќ (Факултет за безбедност – Скопје), проф. д-р Углеша Звекиќ (Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал), и проф. д-р Филип Ејдус (Факултет за политички науки – Белград), најави Факултетот за безбдност – Скопје.