НАГРАДИ НА ЛИТЕРАТУРНИ ПОЕТСКИ, ПРОЗНИ И ДЕТСКИ ТВОРБИ (3)

Еден од значајните датум за Друштвото е 12 април 2013 година, кога на свечен начин се одбележа 35 годишницата од постоењето на Друштвото. Сите овие наградени литературни поетски, прозни и детски творби се од голема важнос и имаат значаен придонес за македонската литература од Македонците во странство.

Во вонредниот бр. 27 од јуни 1983 година се објавени сите литературни поетски, прозни и детски творби. Така, првонаградена поетска творба е песната „Една куќа во сите нас“  од Иван Трпоски, втората награда и’ припадна на песната  „Каде си Земјо да не прегрнеш“ од Душан Ристевски и третонаградена е песната „Неспокој срце“ од Ацо Силјановски. Првонаграден расказ е „Незаборавени“ од Андон Блажевски, второнаградениот е расказот „Растурено гнездо“ од Мена Ристевска, а третонаграден е расказот „Неговата победа“ од Митко Балаловски.

Од наградените детски песни се следните:Првонаградена е песната „Сонце и цвеќе“ од Јован Кокаловски, второнаградена е песната „Лисица и куче“ на Ацо Силјановски, а третонаградена е песната „Грбавиот ешко“ од Горјан Маслинковски, додека првонаграден расказ за деца е „Малиот рибар“ од Митко Балаловски, второнаграден е расказот „Ранета ластовичка“ од Горјан Маслинковски и третонаграден е расказот „Денот на палавкото“ од Мена Ристевска.

Сите овие наградени литературни поетски, прозни и детски творби се од голема важнос и имаат значаен придонес за македонската литература од Македонците во странство. Македонските иселеници далеку од својата родна земја преку своите литературни творби ги изразуваат чувствата кон старата Татковина, пеат за убавото во стариот крај, за се’ она што им останало во нивното сеќавање. Сите литературни творби кои се наградени во списанието „Повод“ се пишувани на литературен македонски јазик, со мали примеси од Охридско-струшлиот и Битолско-прилепскиот говор.

Наградените творби објавени во списанието „Повод“ зборуваат за желбата, носталгијата за родниот крај, за поизразените патриотски чувства во новите средини. Преку формата на литературата тие повеќе ги искажуваат чувствата, желбите, очекувањата, страдањата на нивните автори. Ваквите литературни обиди се од непроценливо значење и придонес за културно- просветните процеси во средините на Македонците во демократска Австрали и пошироко.

Исто така, во почетните години во состав на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ се отпечатени следните дела: Зборникот „Видици“ кој содржи бројни дела од членовите на Друштовото, потоа публикациите „Полутици“ од Душан Ристевски, „Површински корења“ и „Око вано море“ од Иван Трпоски, „Чувар на детски спомени“ од Бранко Наумовски, „Збогување“ од Горјан Маслинкоски, „Лирско ехо“ од Лилјана Тошеска и „Фрагменти на една историја“ од Џим Томев.

Овие литературни остварувања се од големо значење за јазичните и литературните процеси меѓу Македонците во светот и можност за афирмирање на културното наследство на македонските доселеници во Австралија. Тие се основа за идните литературни остварувања на Друштвото

Во периодот од 1982 до 1986 година, во секоја година се отпечатени по седум броја и тоа од бројот 17 до 49. Сите броеви се печатени на мал формат 16 х 21 см. на по 40 страници, на кои покрај споменатите рубрики, се поместени бројни рекламно-пропагандни материјали и информации од активностите и од другите македонски заедници ширум Австралија.

Во исто време, во текот на овие пет години се објавени најголем број лични творби на членовите на Друштвото „Григор  Прличев“, како и други активности и постигнати резултати меѓу Македонците на петтиот континент.

Бројот 50 во септемоври 1986 годизна е последниот во тој период, а потоа настапува пауза од три години, до јануари 1990 година кога се појави бројот 51. Педесет и првиот број е печатен на 24 страници, со корици од потврд материјал, на формат 21 х 27 см, чиј одговорен и технички уредиик е Душан Ристевски.

Во воведот на овој број, покрај другото, се вели: „Еве не повторно по три години со нов број и нов изглед на списанието… Да напоменеме само некои од активностите што беа дел од нашата работа: организирањето на Деновите на македонската култура во 1986 и 1988 годана; организираозме протесни собири против грчкиот и српскиот шовинизам; издадени се 6 книги со поетски остварувања од членови итн“.

Во март 1990 година, во дванаесеттата година на печатењето се појави бројот 52, кој е печатен на формат 21 х 30 см. Тој обилува со лични творби на членовите на Друштвото, за литературното творештво на поетот Блаже Конески, за Методија Андонов-Ченто и други материјали кои се значаен придонес во афирмирањето на македонскиот народ, македонската вистина и етничка Македонија.

2222

По пауза од подолг период Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, еден од значајните датум за Друштвото е 12 април 2013 година, кога на свечен начин се одбележа 35 годишницата од постоењето на Друштвото. На свечаноста присуствуваа стотина членови како од Сиднеј така и од поближните градови кои имаа можност да се присетат за почетоците од формирањето и безбројните активности со кои Друштвото се постави на пиедестал како поборник за македонскиот јазик, литература и култура во Австралија, да се потсетат за значајното списание „Повод“ кое одигра значајна улога во публицистичко-новинарската дејност на друштвото „Григор Прличев“.

На оваа свеченост, меѓу другото, се рече дека  Друштвото од самиот почеток превзеде водечка улога во негување на македонскиот јазик преку издавање на списанието „Повод“, организирање на наградни конкурси за „Прличева награда“, издавање книги од самите членови и формирање на библиотеката „Григор Прличев“.

Од самиот почеток Друштвото ја превзеде улогата на организирање Денови на македонската култура, филмски фестивали, изложби, семинари и конференции, поетски средби, театарски вечери, јавни протести, дебати и издавање писмени ноти во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, барање човекови права за Македонците во поробениот дел на Македонија и апели за да се поддржи правото за самоопределување на Македонците во Австралија и да се запре дискриминаторската политика на Европската заедница.

За своите најактивни членови, соработници и помагатели, Друштвото им додели благодарници за нивните напори во негување на македонскиот јазик. Исто така по изнесените претходни предлози на свечаноста се одлучи едни од најактивните членови да бидат прогласени за почесни-доживотни членови.

Иван Трпоски беше прогласен за почесен член, а Душан Ристевски за почесен член-претседател. Исто така на средбата едногласно се одлучи на најиздаваниот поет и писател Иван Трпоски да му се додели посебна Прличева награда за книгата „Угреј сонце во мојот сон“ што беше издадена како избор од неговата поезија по повод авторовата 35 годишна публистичка дејност.

Исто така им се доделија посебна благодарница на Димче Џајкоски од Маседон Травел и на филантропистот Др. Васил Тулевски за нивното парично донирање кон издавањето на книги од Друштвото.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН