ПРВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ГИ ПОСТАВИ ТЕМЕЛИТЕ НА ИНФОРМИРАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА (2)

Првиот број излезе во јуни, вториот во август и третиот во октомври. Тоа има големо значење за афирмирање на литературните остварувања на Македонците во Австралија и светот, како и за достоинствено презентирање на македонските доселеници и нивните културни вредности кои се дел од мултикултурата на многунационалното и демократско општество во Австралија. Во првата година од печатењето на списанието „Повод“ (1978), излегоа три броја.

Првиот број на списанието „Повод“ излезе на 15 јуни 1978 година, на четири страници со формат 31×21 см додека наредните пет броеви ја имаат истата форма, а имаат зголемен број страници, кој се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 32  страници 22х16 см, а неколку броеви излегоја на 28, 36 и 40 страници. Во период од скоро пет години колку што излегуваше списанието отпечатени се 28 броеви.

Во воведот на првиот број на списанието „Повод“, а слични статии се објавени и во наредните броеви, покрај другото, се вели: „Списанието „Повод“, покрај презентирањето на литературните и просветните достигнувања во Републиката, ќе објавува лични творби од областа на поезијата, прозата и журналистиката на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, а по пат на конкурси на членови и други лица кои се занимаваат со пишување лични творби и кои живеат во Австралија. Со формирањето на друштвото „Григор Прличев“ се појави р’кулецот којшто се разграни наоколу и ги привлече заинтересираните за македонскиот јазик и литература“.

Содржината на списанието „Повод“ е разновидна. Секој број е посветен на по еден македонски литературен деец со осврт на неговите најдобри литературни остварувања. Потоа, се застапени рубриките „Дела на наши членови“, „Од македонското народно наследство“, „За македонскиот јазик и литература“, „Страница од литературата“, „Јазично катче“, „Детско катче“, како и голем број, рекламно-пропагандни материјали од некои претставништва во Австралија и од македонски иселеници сопственици на разни бизниси во Сиднеј и околината, 

Во првата година од печатењето на списанието „Повод“ (1978), излегоа три броја. Првиот број излезе во јуни, вториот во август и третиот во октомври. Потоа се зголеми бројот на страниците и се подобрува квалитетот на списанието. Овие броеви ги уредува Редакциски одбор во состав: Цане Долевски, Лилјана Тошевска и Душан Ристевски, како главни и одговорен уредник, додека Миле Петровски е технички уредник.

Во 1979 година се печатени, исто така, три броја, но како тримесечници, сите на 20 страници, со формат 21 х 30 см., додека четвртиот, бројот 7 е издаден на 24 страници и на помал формат (16 х 21 см.). Во овој и во другите броеви во наредниот период застапени се рубриките: „Од број до број“, „Наши писатели“, „Дела на наши писатели“, „Од македонското народно творештво“, „Конкурс“, „Јазично катче“, „Осврти“, „Забавно катче“, „Резултати од конкурсите“ и други.

 Во наредните 1980 и 1981 година, се отпечатени по четири броја: од бројот 8 до бројот 11 и од 12 до 16, како тримесечници чиј број на страници се движи од 26 до 32. Во сите нив, а и во наредните во кои се застапени рубриките од претходните години, одговорен уредник е Душан Ристевски, а му помагаат членови на Друштво „Григор Прличев“.

Секоја rодина во сnисанието Повод” се објавува конкурс, од кој се избираат најдобрите литературни творби во годината, со учество на автори кои анонимно и шифрирано ги доставуоаат своите лични остварувања од областа на nоезијата, прозата и детската литература.

Вообичаено, на конкурсите nристиrнуваат голем број литературни творби, од кои, посебна комисија, составена од членови на Друштвото и видни општественици од македовско потекло, избираат три или четири поетски, прозни и детски литературни остварувања, рангирајќи ги како први, втори, трети и четврти и ги наградува со скромна парична сума. Во текот на петте конкурсни натпреварувања, наградени се 18 песни, 10 раскази, 6 песни за деца и 6 детски раскази.

Во списанието „Повод“, во бројот 4 од јануари 1979 година, се објавени резултатите на  наградените поетски творби за 1978 година. Тоа е прв конкуес и е посветен на 75- годишнината на Илинденското востание, на кој конкурираа бројни иселеници со песни кои се однесуваат на еден од најзначајните датуми на македонскиот народ – Илинден.

Добитник на првата награда е песната „Црни браќа“ на Ацо Силјановски од Мелбурн. Таа е патриотска песна во која се опејува животот на поробениот народ во Македонија  и борбата на чело со Гоце, Јане, Питу, Даме и други, како и раѓањето  на Крушевската Република.

Второнаградената творба е песната „Борец“ од Бранко Наумовски од Сиднеј. Бо неа, исто така, провејува патриотскиот дух на борецот за слобода, како и за слобода на Македонија, за мајката родна намачена земја.

Третата награда ја доби поемата „Да живее Илинден, тоа да те храни“  од Владо Поповски од Сиднеј. Песната содржи петнаесет строфи со по осум стиха во кои се опишува, најпрвин животот на Македонецот, петвековното ропство и борбата за слобода, потоа раѓањето на Крушевската Република од која прснаа безброј искри и се распали пламенот за Илинден повторно да пламне и слобода да блесне.

Четвртата наградена творба е песната „Тајната на звездите“ од Бил Георгиевски. Таа е посветене  на Илинден, а се глорифицира борбата  за слобода на македонскиот народ.

Резултатите од вториот конкурс се за најдобрите литературни творби во 1979 година и се објавени во бројот  9 од април 1980 година.

1e123 Првонаградената творба е песната „Родени браќа“ од Иван Трпоски. Таа е патриотска песна во која се опејува борбата за слобода за мирот и за братската љубов. Втората песна е „Солзива покривка“ од Ацо Силјановски и е посветена на катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година.

Песната обилува со описи за ужасот, страдањата и загубите на народот во главниот град на СР Македонија, како и за помошта, љубовта, почитта и неочекувањето за подобро и посреќно утро. Третонаградената творба е песната „Ги оставив“ од Душан Ристевски. Таа е носталгична песна  во која се тагува за се’ што авторот оставил во родната земја Македонија, а четврта наградена песна е „За уметникот“ од Мена Ристевска, во која се опишува животот на уметникот, неговата тага, бол и творечка снага.

Во бројот 13 од мај 1981 година се објавени наградените лични творби за 1980 година, Првпат, покрај твореќките творби започна натпреварување со литературни творби од областа на прозата. Според одлуката на жири-комисијата, првонаградена творба од областа на поезијата е песната „Приказна“ од Ацо Силјановски, која е посветена за најмчадите, за децата.

Второнаградена е песната „Гоцеви факли“ од Иван Трпоски, во која се опишува безстрашната борба на Гоце за слобода на својот народ. Третонаградена е песната „Весников восхит“, објавена под шифра, а четвртонаградената песна е лирското остварување „Незаборавени“, објавена, исто така, под шифра.

Од прозните творби во бројот 13 се наградени четири лични творби, и тоа три авторки се македонски иселенички. Првата награда му припадна на расказот „Кога ќе дојде пролетта“ од Мена Ристевска. Тоа е сторија за болнотот девојче од Егејска Македонија кое, по Гражанската војна во Грција, е донесено да се лекува во Полска.

Второнаградената творба е расказот „Сеќавања“ од Виолета Јовановска, во која е опишан амбиентот, животот и збиднувањата во стариот крај, онакви какви што останале во сеќавањата на авторот.

Третонаградена творба е расказот „Ветување“, потпишан под шифра во која се опишува животот на печалбарот кој ветил дека.ќе се врати по спечалувањето на доволно пари, со цел да помогне на синот кој го изгубил видот. Четврто награден е расказот „Дневни настани“ од Лилјана Тасевска и нејзината сторија за наставничката.

Во вонредниот број 19 од април 1982 година објавени се следните наградени литературни творби во 1981 година. За најдобра литературна творба е прогласена песната „Билјана“ од Иван Трпоски. Второнаградена е песната „Патнику гледај“, објавено под шифра, а третата награда и’ припадна на песната „Ја љубеше“ од Лилјана Тошевска-Стојановска.

За најдобра прозна творба на годината е прогласен расказот „На добар пат“ од Мена Ристевска, во кој се опишува животната сторија на едно Македонче кое живее во Полска. Второнаграден расказ е „Смртта на печалбарот“ од Митко Балаловски во кој се опишува трагедијата на еден Македонец на печалба, а третонаградениот расказ е „Спомен откопан по петнаесет години“ од Иван Трпоски.

Од наградената поезија за деца се наградени три песни и три раскази и тоа: Првонаградената поетска творба е песната „Македонче“ од Јован Кокаловски, додека второнаградена е песната „Слобода“ потпишана под шифра „Пелистер“ и третонаградена е песната „Печалбари“ од Ацо Силјановски. Првонаградена детска литературна прозна творба е расказот „На езеро“ од Митко Балаловски и третонаграден расказ е „Појдување на училиште“ од Иван Трпоски.

Продолжува

slavek 1 copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН