Јункер: Преговорите со Македонија и Албанија нема да почнат утре и ќе траат долго

Одлуката на Европската комисија да предложи Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за приклучување кон ЕУ, не значи дека овие преговори ќе почнат уште утре, изјави претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, во Европскиот Парламент во Стразбур.

– Прво, неопходно е одобрението од Европскиот совет, односно во следните шест месеци ќе го дознаеме ставот и на Советот на ЕУ, додаде Јункер. Пијасни дека нема рок за завршување на преговорите, ќе бидат оценувани постигнувањата на соодветните земји.

Земјите од Западен Балкан имаат потреба од европска перспектива за да не се повторат настаните од 90-те години на минатиот век. Ги повикувам овие земји да го одбележат неопходниот напредок, овој процес ќе одземе многу време, дополни претседателот на ЕК