ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН
На 2 август 1944 во манастирот Прохор Пчињски, почна Првото заседание на АСНОМ за кое беа избрани 116 длегати… На Заседанието е избран Президиум во состав: претседател Методија Андонов-Ченто, и двајца потпретседатели – Панко Брашнаров и Мане Чучков и 18 членови, од кои два секретара – Љупчо Арсов и Владо Полежина, потоа претставници од Македонија за АВНОЈ, како и повеќе по- мошни тела на Президиумот.
Заседанието на АСНОМ за својата работа објави прокламација до македонскиот народ, во која, меѓу другото, стои: „Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска првото народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет… Вековниот идеал на ма- кедонскиот народ се постигна“.
Заседанието на АСНОМ претставуваше потврда за постигнатите политички цели, а едновремено и повик за општа мобилизација на македонскиот народ и народности- те за конечна победа – за истерување на окупаторите.
Со Првото заседание на АСНОМ како врвно достигнување на НОБ на Македонија се обележува почетокот на постоењето на Народна Република Македонија во феде- рација со југословенските народи… На 28 декември 1944 година во Скопје во ослободена Македонија започна со работа првото вонредно заседание на АСНОМ, познато како Второ заседание.
Президиумот на АСНОМ по Првото заседание ја презеде грижата околу разви- токот на културата и просветата.
Така, уште пред Македонија да биде ослободена, се организира широка мрежа училишта од различен вид и различен степен. Потоа се донесе решение основната настава да трае седум години, а средната – пет. Беа разгледувани и можностите за формирање на некои институти. Се преземаат мерки за отворање гимназии во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
На 1 декември 1944 Президиумот на АСНОМ решава во Скопје да се организира музичка академија, уметничка и учителска школа и други средни школи… По ослободувањето на Скопје, во декември 1944, се организира посебна офицерска школа за усовршување на старешинскиот кадар… Во овој период се раѓа првата повоената генерација македонски поети и писатели, ликовни и музички уметници.
Во почетокот на есента 1944 година, културно-просветната група “Кочо Рацин” создава јака театарска група и дава драмски претстави во џамијата во село Горно Врановци. По ослободувањето на Скопје, во културно-просветната група “Кочо Рацин” од составот на единиците се вклучуваат извесен број сртисти кои почнуваат да градат професионален македонски народен театар со драма, опера и нешто подоцна балет…
Во октомври 1944 година во Врановци се формира машки хор при Главниот штаб, кој по ослободувањето израсна во хор на Армијата во Скопје… Во октомври 1994 село Горно Врановци станува место каде што се воспоставува повоената македонска наука, култура и уметност.
Бидејќи 2025 година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот (вклучително и нашата Република Македонија, н.з.), но само доколку се исполнат критериумите, Собранието на Република Македонија на 19 октомври 2018 годи- на, со 80 гласови „за“ донесе одлука за пристапување кон уставни измени, согласно Договорот од селото Нивици, во Преспа.
Притоа, во врска со АСНОМ има многу контраверзи: се брише, се менува, нешто се додава, нешто се одзема и дека не се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија; дека АСНОМ ќе се содржи двапати, но во Преамбулата ќе се додадат и зборовите Охридски рамковен договор со што ќе се потврди историското значење за „нашата држава“,
Во врска со гореспоменатите факти, дефекти, вистини, невистини и други контраверзи, ќе се навратиме на минатото на нашата Народна Република Македонија, Социјалистичка Република Македонија и Република Македонија, кога се менуваше само името, како и на денешна Северна Република Македонија, кога се наѕира на кое дереџе е АСНОМ после 74-годишно постоење.
Имено во 2018 година се навршуваат 75 години самостоен слободен просветен и културен живот и растеж во Република Македонија. На Второто заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонсиот народ во Народна Република Македонија му се признаа правата за национална слобода. На 2-ри август 1944 година, пак, Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија(АСНОМ), на своето прво заседание во манастирот „Св. Прохор Пчињски”, прогласи дека маке- донскиот народ влегува како национилно слободен и рамноправен член во рамките на Федеративна Југославија, на принципите поставени на Второто заседание иа АВНОЈ.
Разбирливо е што по Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонијз започнаа просвегно-образовни и културни текови, врз основата на кодифицираниот македонски јазик. На 3 мај 1945 година посебната Комисија за јазикот и прзвописот на НР Македонија, донесе резолуција по прашањето на азбуката, а веќе на 7 мај иста- та година, беше озаконет македонскиот правоиис.
Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот цр ковен живот, неминовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со Кирилометодиевската традиција, со создавачите на старословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на македонските Словени од околината на Солун. Врз база на овој македонски дијалект беше изграден литературниот старословенски јазик.
Кирило – методиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени и во Македонија. Вредните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога св. Климент Охридски во 886 година ги ставил темелите на Охридската книжевна школа. Оттогаш, низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година.
Истата година св. Наум го напуштил бугарскиот црковно – просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа. Оваа просветителска и културна дејностна претставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и киижевност оставала траги низ вековиге во Македонија. За оваа забележана траднција е доста често пишуваио во славистиката, Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.
Токму затоа во делото на проф. д-р Вера Стојчевска – АнтиЌ и Славе Николовски
– Катин „Во чест на светите Кири и Методиј“, издание на „Матица македонска“, 1994 година, се проследени поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција, во периодот од 1944 до 1994годииа.
На тој начин се регистрирани поважните појави во Македонија, поврзани со епохалното дело на светите браќа и нимвните ученици, укажувајќи на длабоките корени на оваа традиција кај нас, зачувана и во нашето современо живеење и чествување, како долг кон беспримерните наши учители.
Македонскиот јазик спаѓа во јужнословснските јазици, а се формирал од словенските (македонските) племиња што живееле на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во IV век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок.
Прашањето за литературниот совремеn македонски јазик било поставено уште во XIX век, а решено дури со победата на НОБ Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација, со одлуките донесени на АСНОМ 1944 годииа. Во период од седумдесет и четири години растеше јазично-творечката дејност.

Во поновиот труд иа Блаже Конески, со наслов „Македонскиот литературен јазик” не случајно е истакнато: „Развитокот иа фуикционалните стилови на македонскиот литературен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.
Веднаш по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „ Кирил и Мстодиј”, и „ Климснт Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција, што ја вкоренија солунските браќа и светители св. Кирил и Методиј во IX век.
Во наведеното издание на проф. Вера Антиќ и Славе Катин се одразени и повеќе- родни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици.
Разбирливо е дека во него се проследени и јубилеите, кои во одредени години се потенцирани активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така своевиден прос тор е посветен на културната манифестација „Во чест на св. Кирил” и поклоненијата на светиот гроб на св, Кирил во Рим почнувајќи од 1969 година.
Посочуваните прослави, собири, зборници, изданија, библиографии, даваат можности и за други посериозни потфати. Секако, се смета дека и овој труд, заедно со голем број други трудови даваат прилог за поцелосното согледување на повеќе реализирани дејности во врска со епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј, и на иивиите ученици, во Република Македонија и пошироко.
За наша среќа тоа дело продолжи на 3 мај 1945 година кога посебната Комисија за јазикот и правописот на НР Македонија, донесе Резолуција по прашањето на азбуката, а на 7 мај истата година, беше озаконет македонскиот правопис, а со тоа беа ставени основите на македонскиот литературен јазик.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
