ЗНАМЕНОСЕЦОТ СТИВ ПЉАКАС НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО АТИНА 2004 И ВО ПЕКИНГ 2008 ГОДИНА – ДЕЛ I (51)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Името и делото на Стив Пљакас е тесно поврзано со Олимписките игри во Атина во 2004 и во Пекинг во 2008 година Тој беше еден од главните спонзори за македонските спортисти. Пред тоа, поради неговите активности и придонес за македонските спортисти од Канада, Стеве Пљакас беше избран за претседател на Олимпискиот комитет на Македонците во Канада

За Олимписките игри во Атина Стив направи посебни подготовки, бидејќи требаше да патува во земјата од каде се неговите корени. Имено, во Олимпиското село во Атина, меѓу другите спортисти од светот беа сместени и олимпијците од Македонија, кои ги бранеа боите на нашата држава.

Тие беа предводени од генералниот секретар и директорот на Меѓународниот олимписки комитет, Зоран Гапиќ и Насе Насев и останаа од 13 до 29 август 2004 година.

Македонија во Атина беше претставена со десетмина олимпијци во пет спортови. Најмногубројни беа пливачите, но за сите четворица ова нема да биде прво вакво доживување. Весна Стојановска, Александар Миладиновски и Зоран Лазаревски пливаа и во Сиднеј, додека Александар Маленко по осум години пауза, повторно се враќа на игрите, откако настапи на Олимписките игри во 1996 година во Атланта.

Потоа настапија кајакарот Лазе Поповски, атлетичарите Александра Војнеска, Ване Стојанов, Дивна Пешиќ со воздушна пушка и борачите Могамед Ибрагимов и Шихамир Османов, како и ракометните судии Марјан и Драган Начевски.

Македонското знаме во Олимпиското село беше кренато на Илинден, како и што беше планирано, додека, пак, Македонија беше дел од Балканската олимписка куќа. Носителот на македонското знаме на отворањето на игрите беше Стив Пљакас.

Инаку, олимписките игри се голем меѓународен настан, вклучувајќи летни и зимски спортови, во кои учествуваат илјадници спортисти учествуваат во различни дисциплини.

Олимписките игри се сметаат за најголемо спортско натпреварување во светот каде што учествуваат повеќе од 200 земји. Денес се одржуваат на секои две години, наизмнично зимски и летни олимписки игри.

altan 12

На Олимписките игри

Инересно е да се спомене дека првите олимписките игри се одржале во Олимпија, во Античка Грција во VIII век пр.н.е., меѓутоа на Македонците како варвари не им било дозволено да учествуваат на игрите од повеќе причини. Единствено Александар III Македонски учествувал на олимписки игри.

Според историските податоци, Меѓународниот олимписки комитет (МОК), е формиран во 1894 година од кога оваа организација стана извршно тело на Олимпиското движење. Потоа, олимписките игри биле обновени во 1896 година. Меѓутоа, светските војни довеле до откажување на игрите во 1916, 1940, и 1944 година, како и големите протести за време на Студената војна довеле до ограничено учество на игрите во 1980 и 1984година.

Олимпиското движење се состои од меѓународни спортски федерации, национални олимписки комитети и организирање на комисии за секои олимписки игри. Прославата опфаќа многу ритуали и симболи, како и свеченото отворање и затворање на игрите.

Бројот на учесниците се движи на повеќе од 13.000 спортисти кои се натпреваруваат на летните и зимските олимписки игри во 33 различни спортови и во околу 400 дисциплини. Пласираните спортисти на првите три мести во сите дисциплини добиваат олимписки медали, златен за првото, сребрен за второто и бронзен медал за третото место.

Игрите пораснаа до тој степен што речиси секоја нација се натпреварува, со што и Македонија како суверена и самостојна држава е меѓу земјите кои учествуваат на олимписките игри.

Секои две години медиумската експонираност на олипмиските игри овозможува помалку познати спортисти да се здобијат со национална, а во некои случаи и со маѓународна слава. Игрите, исто така, претставуваат голема можност за градот-домаќин да се покаже во најдобро светло пред целиот свет.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН