Косовската министерка за животна средина во посета на Македонија

Косовската министерка за животна средина и просторно планирање Албена Решитај денеска ќе престојува во посета на Македонија.

За време на посетата, како што е најавено, Решитај ќе се сретне со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.

Според агендата планирано е двајцата министри да дадат изјави за медиумите.