КАКВИ СЕ АНТАГОНИЗМИТЕ, ОМРАЗАТА, ЉУБОВТА, ВЕРБАТА. БОРБАТА И СОРАБОТКАТА МЕЃУ ГРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) И МАКЕДОНЦИТЕ ОД ХИРОНЕА ДО БРИСРЛ – ДЕЛ I (12)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Една од најголемите христијански заповеди гласи: “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”. Сепак, оваа заповед не се однесувала на времето на Филип Македонски, особено после битката кај Хиронеја (Хајронеја). За жал, од тогаш, од ус- ловно речено Првиот Илинден за Македонците до денес, до несфатливата „битката“ во Брисел, постои антагонизам меѓу Македонците и Грците.

Според тоа, меѓу овие два различни народи и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира се’ што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие два соседни и христијанските народи – грчкиот и македонскиот.
Дел од оваа вистина сè уште е присутен дури и сега, и многу видови на живот на соседот понекогаш влијаат на иднината на соживот, бидејќи се фрла темна светлина врз животните патеки, за тие да се претворат во своевидни лавиринти на апсурдот.

За да го потврдиме горното ќе започнеме со фактот дека во овој момент Егејска Македонија опфаќа голем дел од јужна Македонија и дека во неа, националниот состав на населението претрпел големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија. Против Македонците под грчка власт се’ уште, континуирано, се води асимилаторска, измачувачка и принудно истребување, со единствена цел, да се промени етничкиот состав на Егејска Македонија. Ова продолжува без престан, бидејќи македонскиот народ, според своите обичаи, лингвистички, генетски, етнички, фолклор- ни, национални и други карактеристики и белези.се разликува од грчкиот измешан на- род, кај кого постои религија но, за жал, не може да се дефинира поимот нација.

Од тие причини, од првиот момент кога грчката буржоазија започна да ја шири својата моќ над Егејска Македонија, таа има воспоставено брутална политика на физичко истребвање на македонскиот народ и промена на етничкиот состав во своја корист. Така, со намера да ги избрише сите можни траги што потсетуваат на маке- донскиот карактер во Егејска Македонија, грчката буржоазија, меѓу другито, усвои закон со кој во ноември 1926 година ги промени македонските со грчки имиња насите села и градови, лични имиња, планини, полиња, топоними, реки. Се’ што потсетуваше на Македонија и македонскиот народ.

Подоцна, за време на Граѓанската војна во Грција, во периодот 1946-1949 година, се продолжи со егзодусот на голем број Македонци и припадници на Грчката комунистичка партија. Уште од тогаш, според разните режимски сценарија, Македонците биле сметани како потенцијално неверници кон грчката држава. Затоа, на 1 октомври 1947 декрет беше усвоен закон за одземање на правото на државјанство, што беше просле- дено со мерки за нивно протерување од нивните родни места кои се наоѓаат во тогаш- на Северна Грција, а денес најгласна Македонија, но, се разбира со грчки карактер..

Исто така, е факт, кој влезе во црните анали на стариот континент дека за време на Граѓанската војна во Грција, околу 30.000 деца на возраст од 2 до 14 години, од кои по големиот дел Македонци, беа протерани во тогашна Југославија и други источно-европски земји. Во тоа време, повеќе од 50.000 Македонци беа принудени да емигрираат поради тешката и сурова одмазда на која припадниците на македонското национално малцин- ство беа подложени. Податоците велат дека повеќе од 17.000 починале во Северна Грција.

Пела



Продолжувајќи со апсурдните потези, на 23 август 1953 година е донесен декрет за колонизирање на граничните региони со “нови колонисти кои имаат здрава национална свест”, а тоа беше христијанско турско население, просвиги. Затоа, тие таканаречени Грците се населија во местата од кај што Македонците беа прогонети или на- терани да емигрираат. Со истиот декрет голем број Македонци, бегалци од Грција, беа лишени од грчко државјанство, а нивните имоти се конфискувани.

Во 1959 година грчката влада донесе закон кој е преседан на преседантите, барајќи од македонското население задолжителна изјави на лојалност. Поради тоа, грчките власти побараа од населението во селата во Леринско (сега Флорина) и Костур (сега Касториа), Воден (сега Едеса) и тн. потврди, дека јавно не го зборуваат македонскиот ја- зик. Ваквите мерки, беа преземени и кон иселениците од егејскиот дел на Македонија, во Австралија и Канада. Во прилог на ова, во 1967 година беше спроведен закон со кој се забранува употреба на македонскиот (славјанскиот) јазик, што беше чин на одзе- мање на државјанствата, како и други мерки за асимилација на Македонците.

Непобитна е вистината дека асимилацијата на Македонците од грчките власти низ разни форми и начини, продолжува и сега, и тоа низ системот на образование- то. Не се во можноста да најдат вработување во која било државна институција оние кои се декларираат како Македонци, што се потврдува преку целата нова серија за- кони и прописи кои се дискриминаторски кон македонското национално малцинство.

На пример, ќе нагласиме дека со одлуката од 1982 година, во однос на репатријација на грчките граѓани и политички бегалци, е дозволено само “Грци по род” да се вратат во Грција, односно оние кои ќе се откажат од својот македонски или турски и албански идентитет и ќе прифатат грчки имиња. Законот од 1985 година, исто така, содржи дискриминаторска клаузула која ги спречува Македонците во Република Грција за остварување на правото на сопственост на имот.

Потоа, во 1986 година грчката влада го стави Универзитетот “Св Кирил и Методиј “ во Скопје на листата на странски академски институции, чии дипломи не се признати во Грција, со образложение, дека предавањата на овој универзитет биле на јазик кој не е “меѓународно признат “
.
Ова покажува дека официјалното негирање на постоењето на македонското национално малцинство останува постојана цел на грчката политика, без оглед на тоа дали е лева, десна или профашистичка. Во поново време, асимилаторска политика на Атина, уште еднаш се сврте против при-падниците на македонското национално малцинство. А, слична е судбината и на турското, албанското, влашкото, ромското и другите малцинства кои се многубројни во Грција.

Некои „вистини“ на грчката “демократија” продолжуваат да бидат очигледни, а странскиот фактор да ги толерира. Ова се потврди со одисејата за регистрирање на Македонското културно друштво во Лерин. Грците сметаат дека здружението го нарушува територијалниот интегритет на земјата и дека нема основа во своите цели за “културни, интелектуални и уметнички развој на своите членови и населението на Лерин, ниту пак за развој и напредок на националната култура “.

Исто така, факт е дека Република Грција (Елада) одбива да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име со образложение дека употребата на името ги покажувало наводните територијални претензии кон делови од грчка Македонија, до неодамна Северна Грција. Невидениот притисок и уцени врз Република Македонија што го наметна Грција со неофицијалната блокада во есента 1992 година, со затворање на границата кон Македонија се’ до февруари 1994 година, имаше за цел да и’ нанесе економска штета, деградирање на инфраструктура, како и фрлање на колена на својот северен сосед, Република Македонија.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН