КАКВИ СЕ АНТАГОНИЗМИТЕ, ОМРАЗАТА, ЉУБОВТА, ВЕРБАТА. БОРБАТА И СОРАБОТКАТА МЕЃУ ГРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) И МАКЕДОНЦИТЕ ОД ХИРОНЕА ДО БРИСРЛ – ДЕЛ II (13)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Факт е дека нашиот јужен сосед грубо и навредливо ги враќа Македонците кои се родени или потекнуваат од егејскиот дел на Македонија, да влезат во таа земја на Европската Унија, и покрај тоа што тие имаат американски, канадски или австралиски патни исправи. Инаку, сите тие граѓани на светот се лојални, познати и признати, мно- гу од нив бизнисмени, културолози и видни граѓани во новите средини на Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Европската унија и други земји.

Ваква несватлива грчка политика кон Република Македонија со различни дипломатски активности, мешање и ширење невистини, го забави процесот на меѓународното при- знавање на Македонија, правејќи преседан за нашата држава да биде при-фатена во ОН под привремено срамно име и никогаш да не биде примена во Европската Унија.

Грција ја користи позицијата, мезениче на Англија и САД и продолжува да блокира, бидејќи е членка на Европската Унија. Сепак, треба да не се заборави дека таа не е национално хомогена, туку, всушност, е мултинационална држава, имајќи ги сите потенцијални политички последици. Обврзна е, да ја прифати европската регулатива во врска со третманот на малцинствата и заштитата на нивните човекови и културни права.



Таа е земјата од каде што потекнува зборот “демократија”. Заедно со Македонија е земја од минатото, со надеж дека ќе биде земја на иднината, и, конеч- но, таа е сосед на Република Македонија, кој треба да биде своевитен генератор, а не кочничар без преседан кон подоброто утре.

Ние мора да истакнеме дека македонскиот и грчкиот народ, без оглед на нивната државна политика, соработувале во добри и лоши времиња. Ова е потврдено во последниве децении со зголемување на соработката меѓу двете земји и нивните народ на културно и друго поле. Како потврда на ова, на пример, да посочиме дека се напра- вени бројни преводи од македонски на грчки и обратно, а има голема соработка по- меѓу фолклорни и забавни групи, театарски и други асоцијации.

Голем број на грчки интелектуалци ги осудуваат политиките и неправдите нанесени на познати и призна- ти македонски граѓани кои потекнуваат од Егејска Македонија. Исто така, мора да се нагласи значењето на грчкиот Хелсиншки комитет и други здруженија за заштита на човековите и други права на секој граѓанин во Република Грција.

Грција е потписник на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на националните малцинства во септември 1997 година, со која покажа добри знаци на постепени позитивни промени во односот кон малцинствата во таа земја. Оваа Конвенција белким ќе доведе до исчезнување на причините за грчкото негирање на името на Република Македонија и на правата на македонското и другите малцинства во Грција. И, конечно, факт е дека во последно време Грција далеку води пред многу други странски бизнисмени и компании, кои инвестираат свој капитал во Македонија.

Нивното учество во повеќе од педесет инвестициски проекти претставува, од една страна, моќен потенцијал и обновување на капиталот, а од друга страна, дали тоа значи, дека дел од македонското стопанство има економска зависност од грчките инвеститори?

Добрите економски односи меѓу Република Македонија и Република Грција ги навестуваат или ги потврдуваат очекувањата дека соработката и инвестиционата политика на двете земји ќе продолжи и во иднина, со уверување дека, овој пат, минатото нема да се повтори, ниту сентенцата на учениот Виргилије „Да се плашиш од Данајците и кога подарок ти носат“.



Во оваа прилика ќе споменеме дека Грчко-македонскиот спор, со целиот свој интезитет стапи повторно на дневен ред, откако Република Македонија, преку референ думот на своите граѓани, во 1991 година прогласи своја независност и како суверена држава побара да биде признаена од светската заедница. За да ја спречи Македонија да го добие својот меѓународен статус,

Грција публикува и дистрибуира по светот мноштво на книги, брошури и други материјали, во кои се претстави дека не постои македонски народ, јазик и култура. Според Грците, македонскиот народ бил измислен, политичка конструкција и алхемија на „скопските историчари“.

Сето ова беше правено над вор од рамките на науката (историографијата, лингвистиката или историјата на културата) и беше дел на една дневно-политичка, ненаучна негација на македонскиот народ, што преставуваше само продолжеток на физичката и духовна репресија врз македон- скиот народ во Егејска Македонија, кој за Грција е непостоечки народ.

Македонското прашање во процесот на меѓународното признавање на Република Македонија повеќе од две и пол децении го привлекува вниманието на земјите од ЕУ, ОН и на пошироката светска јавност. Тоа е предизвикано од спротивставувањето на Република Грција да се признае Република Македонија под нејзиното историско и уставно име. Со тоа беа сериозно нарушени односите во овој дел на Балканот, кои се закануваа на мирот и стабилноста на овој дел од Европа.

Во меѓуврем, спротивно на Уставот и законите на Македонија, потпишан е договор меѓу премиерите на две- те земји, со кој македонската влада, за жал, прифаќа државата да се преименува во Република Северна Македонија.

Дали Северна Македонија е вистинското и праведно решение, дали македонскиот народ ќе го сочува својот идентитет, јазик, со оглед дека ова репение е изнудено и под, по кулминацијата на кризата која започна во земјата со шарената револуција!? Секако дека не е. Ниту е вистинско, ниту е праведно зошто историските извори го го- ворат спротивното.

Одговорите секако лежат во минатото, зошто грчко-македонскиот спор не е од вчера. Овој спор особено доаѓа до израз од крајот на XVIII век и трае до денес! Со оглед на трагичната македонска историја во овој период, особено во последното столетие, поделбите на земјата, непризнавањето на идентитетот, јазикот и црквата, мно- зинството од македонскиот народ ваквото решение не сака да го прифати.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН