ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II
Танас Јовановски е роден на 24 јануари 1941 година во големо семејство од 16-17 членови, во тоа време бил најмал во семејството и како што вели , најразгален помеѓу 4-те деца од кои , две сестри и еден брат. Основното образование го завршил во родното Брајчино, во училиштето „Даме Груев“ а Осумгодишното училиште во првото училиѓте на македонски јазик во Преспа „Димитар Влахов“ во Љубојно. По завршувањето на основното образование се запишал во Средното техничко шумарско училиште во Кавадарци, за своето образование да го продолжи на Вишата земјоделска школа во Битола.
Набрзо доаѓа време и за служење на воениот рок, по што како и многумина млади Македонци од повеќечлени семејства во Македонија својата среќа ја побарал надвор од границите на Македонија упатувајќи се во Франција преку Велес со познатиот воз Ориент Експрес, кој го одвел во градот на светлината Париз. Новиот живот во Франција отворил нови видици и предизвици во животот на Јовановски, кадешто за 10-те месеци престој отпочнал да работи во познатата фабрика за автомобили „Цитроен Моторс“.
Со доаѓањето во Канада во декември 1967 година најпрво започнал со изучување на англиски јазик, а кога увидел дека многу поважни во тоа време се егзистенцијалните работи, отпочнал сам да го изучува англискиот јазик што му помогнало во рекордно време да стане менаџер на една од синџирот продавници кои во тоа време ги имало околу 700 во Онтарио (Бекерс Милк компани).Во овој гигант работел во периодот од 1972-1977 година.
Според сеќавањата на Јовановски, Македонската заедница во тоа време била многу поделена, бидејќи големо влијание имала тогашната УДБА што и самиот искусил на свој грб, затоа што често доаѓале луѓе да разговараат со него.
Причина за тоа било неговото членство во ОКМ (Ослободителен Комитет на Македонија) што подоцна се преименувало во МНОД (Македонско национално ослободително движење), чија цел била отцепување на Македонија од Југославија затоа што сметале дека самостојно ќе се избори за целокупна Македонија.
Во движењето кое отпочнало во 1971 година членувале Македонци од сите делови на Македонија, а дел од активностите биле лепење на постери со пропаганден материјал пред се’ по грчки продавници повикувајќи ги Грците да си одат од Егејска Македонија, слични акции биле спроведувани и кај бугарски објекти, а како што вели г-ин Танас Јовановски организирале и простести.
Оваа македонска партија за првпат на улицата „Спадајна“ пред Југословенскиот конзулат организирала протест со повик за ослободување на тројца затворени Македонци кои органзирале ВМРО во Македонија. Честопати во Канада кај своите истомисленици доаѓал и Драган Богдановски кој бил добар соработник со канадската ОКМ.
Во текот на тие години вели Јовановски, комуната беше силна, а со распаѓањето на Југославија се распадна и комунистичкото влијание…Сепак за голема жал констатирам дека во овие моменти во Македонија е полошо од комунистичкото влијание во Југославија, сега е поголема поделеноста, сега кога создадовме наша држава, во тоа време барем напредувавме, а сега се’ повеќе се работи на рушење на нашата држава – со тага во гласот вели Танас Јовановски.
Во почетокот на 80-десеттие години од минатиот век Здружението на децата бегалци почна да издава редовен-месечен македонски весник. Набргу потоа од повеќе причини весникот згасна. Со тоа згасна и пишаниот македонски збор на канадските простори. Набргу потоа, со идејна поткрепа од мојот пријател Сохаил Актар кој веќе беше издавач и уредник на весник на арабски јазик, а ми се придружи и Горнан Јовановски, во ноември 1984 година излезе првиот број на денешна “Македонија“. Покасно, поради бизнис обврски Горнан Јовановски се повлече од партнерството во весникот, не информира Јовановски.
Инаку, Танас Јовановски вели дека весникот „Македонија“ почна да излегува на најпримитивен начин: со обична (не електирчна) писачка машина каква не верува дека може денес да се најде или види.Секој од денешните читатели можат да ги разберат сите потешкотии со кој се соочуваше весникот и Танас како уредник на истиот. Покасно, Мери Димитриу му помогнала да набави машина за пишување (електроник композер) со извесна меморија по многу пристапна цена, со што делумно му се олесни уредувањето на весникот. Пет години по излегувањето на весникот благодарение на донациите од читателите и пријателите на весникот, “Македонија“, Танас го набавив првиот компјутер кој за да пишува на македонски го оспособил синот на Ѓорги Кижовски. Со тоа уредувањето на весникот било во голема мера олеснето.
Благодарение на помошта од поединци, читатели и спонзори, и секако на новиот уредник Соња Лозановска која жртвува и време и пари весникот продолжува да излегува и тој е убеден дека ќе излегува не само во наредните години, туку и децении. Не смее да се заборави дека пишаниот збор е вечен. Се пишувало и пред десет години но и пред десет илјади години. Два примероци од овој весник секој месец почнувајќи од првиот број се испраќаат во Националната библиотека на Канада каде едниот е архивски, додека другиот е достапен за читатели и истражувачи.
Во разговорот ги потенцира некои моменти од издавачката дејност во втремето кога тој го уредуваше весникот, а денес се меморијално свежи: Како резултат на пишувањата на неговиот братучед писателот Мето Јовановски во весник „Македонија“ било формирањето на македонските движења или комитети за човечки права, прво во Австралија, а потоа во Канада, објавувањето на тајниот грчки полициски извештај украден од грчките архиви, објавувањето на Букурешкиот договор во југословенско време и секако следното: Македонскиот комитет за човечки права од Канада во 1987 година испрати делагација предводена од адвокатот Вилиам Поповски во Страбур каде го покрена прашањео за малцинските етнички права.
Попоски по враќањето поднесе извештај кој весникот „Македонија“ го објави интегрално. Го објави и „Нова Македонија“ после 7-8 месеци. Набргу потоа тогашниот претседател на Македонија Драгољуб Ставрев при посета на Канада побара од Танас да го запознае со Поповски. На средбата Ставрев на Поповски му понуди дека ќе му ги даде клучевите од која сака архива во Македонија да оди и да истражува. Ова сеуште беше југословенско време, удбашко. Ова беше време кога за прв пат Македонци по редовен, легален пат побараа права за македонските национални малцинства во Грција, Бугарија и Албанија
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН