ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Древните или античките Македонци припаѓаат на семејството на индоевропските народи, кои се творци на неолитската култура на Централниот Балкан во периодот меѓу 6 500 – 5 500 години п.н.е. Како проиндоевропски народ, Македонцитеја населиле „Стара Европа” (Гимбутас, 1982), најпрво деловите на Средно Подунавје. Потоа, од Панонската Низина нивните племиња се доселувале на југ и го населувале теснецот на Централниот Балкан по должината на сливот на реките Бистрица, Вардар, Струма и Термајскиот Залив, кога биле создадени погодни климатски услови, по последниот леден период.

Првобитните имиња на нивните племенски организации не се познати. Од ис- ториските податоци се гледа дека нивните етноними, односно филоними (братства или племиња), најчесто се добивани од географската конфигурација на теренот, т.е. од хоронимите, како на пример: Орести-Горани, Елимеи-Криворечани, Десарети- Шумадинци итн. Потоа од занимањата, како Алмопии-Солари, Ботиаи-Сточари итн. Во етногенетската еволуција, заедничкото име им станало Македонци, а нивната татковина Македонија. Говорниот јазик на Македонците бил дијалект од палеобалканската глосологија, познат како проиндоевропски јазик на народите на „Стара Европа”.

Зборот македон е од протоиндоевропско потекло (ИЕ) и припаѓа на палеоглосологијата на Балканот (ПГБ). Етимолошки постојат две варијанти. Според прата, како сложен збор, што значи богат, блажен, среќен, добростоечки и суфиксот ар, навистина, точно. Другиот дел кеднос, грижлив, чесен, т.е. благороден. Аналоген збор во Хипербореја е во денешна Мачва во рамница меѓу реките Сава и Дрина. Зборот мачва етимолошки припаѓа на палеобалканската глосологија, каде мак е богат, имотен, а фа во фаго е даде, храна. Овојдел е словенизиран така што к е претворено во ч, додека σ во в, па Мачва значи богата земја со храна, па и градот Богатиќ во средиштето на Мачва. Според втората варијанта, од етимологот Мпампиниоти (1998, 1043), македон потекнува од епитетот македнос, каде зборот маки, макрос во значење тенок, висок, додекакедон, кедонес, потекнува од зборот земја, тло, па значењето на овој збор се однесува на првобитниот топоним.

Според тоа, Македонија била далеку, високо на север на земјите, а Македонците биле Борејци, а подалеку од нив Хиперборејци. Спротивно на ова Сенц (1910, 503) изнесува дека кеднос значи драг, грижлив, чесен, дар, мираз. Во слободен превод, зборот македон би значел господар, домаќин, газда, богаташ, чорбаџија, додека Македонија била земја на господари и богаташи, односно мак-богата. Со обзир на тоа дека современите, претерано исполитизираните грчки историчари своите главни ар гументи за елинското потекло на античките Македонци, а пред сè на родоначалникот Македон и арголитската македонска династија на Филип II и Александар Велики, ги базираат на сомнителни легенди, на митологијата ќе ѝ биде даден поголем простор

Придржувајќи се на ваквиот пристап, македонската митологија може да се прикаже одделно од елинските митови, како автохтоно културно наследство. Значи македонскиот мит е дел од палеобалканската и „егејската” култура и и во голем дел претставува религиознополитичка праисторија на староседелците на тлото на Македонија.

На основа на античката литература, посебно во епската и лирска поезија од Хомер и Хесиод, до подоцнежните митови, воглавно постојат две преданија за Македонците и нивните родоначалници. Према едно предание, чиј автор е Диодорус Сицулус (90-20 година п.н.е) во творбата „Библиотека” (I, 18, 1; 20, 3), митолошкиот крал на Македонија по име Македон е син на египетскиот бог Озирис и божицата Изида. Према оваа легенда, кога Озирис кој му припаѓал на првиот круг на египетските бо- гови, од петтата династија владетели на оваа земја, која владеела околу 2 500 – 2 340 година п.н.е., ѝ го препуштил владеењето на жена си Изида и тргнал во освојување на светот, со себе ги повел своите синови Македон и Анубис. Стасувајќи во Тракија, Озирис го убил тракискиот крал Ликург, син на Дријант, а својот син Македон го прог- ласил за крал и го оставил во земјата, која според него е наречена Македонија.

Додека владетелите на IV египетска династија биле градители на големите пирамиди (Кеопс, Кефрен и други), во петтата династија, во религиски поглед, доаѓа до по ставување на богот на сонцето Ре на врвот на египетскиот Пантеон. Меѓутоа, покрај владеењето на оваа династија, за време на фараонот Озирис или Бузирис, дошло до духовни и религиозни промени и апотеза (величење) на кралевите. Озирис станал бог (Амон) на плодноста и подземниот свет, зашто по египетско верување тогаш, задгробниот живот заземал најважно место. Во Македонија, во Термајскиот Залив,Озирис е идентификуван како Дионис од Кисеј (Тхомсон, 1954, 133)

На основа на оваа легенда за Озирис како египетски бог Амон, кој подоца на Балканот се идентификувал како Зевс, потеклото на кралот на Македонија Македон е боженствено, односно дека Македон бил син на богот Зевс. На основа на оваа легенда, владеењето на кралот Македон може да датира 2 340 година п.н.е., т.е. при крајот на V египетска династија.
Другиот син на Озирис од митологијата Анубис, се вратил во Египет каде станал крал и бог, со глава на пес како симбол, каде му е изградено светилиште (Анубисово светилиште). Херодот (II, 144) наведува дека Озирис имал уште еден син, по име Орос или Хор, кој кај Пелазгите бил славен како бог Аполон.

Хесиод (околу 700 години п.н.е.) пак, дава друга и постара варијанта за Македонците. Како што е познато, Хесиод е прв елински митолог и покрај Хомер, ги создал првите приказни за постанокот на боговите (теогонија) и човечкиот род (гениогонија). Тој во својата творба „Фрагменти” истакнува дека богот Зевс и нимфата Тие имале два сина, Магнет и Македон.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН