Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Извештајот на Државниот завод за статистика за земјоделството нотира поголеми инпути и поголеми аутпути што е позитивно за земјоделците на кои им се исплатени над осум милијарди денари субвенции, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии, здравство,… Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.

-Апсолутно е тоа точно, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен  1,2  2 отсто зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците.  И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи  повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање  на отворањето на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Што се однесува до поддршката која ја дава оваа Влада за земјоделците, премиерот напомена дека изминатата година се дадени повеќе од 8 милијарди денари, пари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година. 

-Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што  од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, од прилика, објасни Мицкоски. 

Најави дека на денешната седница Владата ќе го  разгледува  ребалансот на буџетот и истакна дека со ребалансот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.