Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција која придонесува за стабилноста

Народната банка (НБ) како професионална, независна и кредибилна институција, со своето делување значително придонесува за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во земјава, оценето е на средбата на гуврнерот на НБ Трајко Славески со регионалниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Себастијан Соса и новиот шеф на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили.

Претстацвници на ММФ, како што се поосчува во соопштението од НБ, искажаа задоволство од досегашната проактивност во водењето на монетарната политика и постојаното унапредување на регулативната и супервизорската рамка.

Средбата е продолжување на долгогодишната и конструктивна соработка, во интерес на одржувањето стабилен и отпорен економски систем.

Гувернерот Славески ја истакна определбата на Народната банка за одржување на стабилноста, како и за понатамошно унапредување на независноста, транспарентноста и кредибилитетот на институцијата. Тој истакна дека Народната банка и во иднина ќе биде внимателна и проактивна при водењето на монетарната политика, постојано следејќи ги и анализирајќи ги и внатрешните, и надворешните ризици.

На средбата беа споделени мислења за сегашната економска и финансиска состојба, со осврт на светските економски движења и на нивните можни ефекти врз домашната економија. Соговорниците се осврнаа и на оцените и препораките од последната мисија на ММФ во рамките на редовните консултации според членот IV од Статутот на Фондот.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошна силна соработка и координација, заради навремено справување со потенцијалните предизвици и поттикнување стабилен развој. Соговорниците се согласија дека за справување со предизвиците од светската економска сцена се потребни конзистентни, одговорни и усогласени политики, при што постојаната поддршка и експертиза од страна на меѓународните партнери, како што е ММФ, има огромно значење, с евели во соопштенито од НБ.