ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН ЗА БИОГРАФИЈАТА И ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН (2)

ДЕЛ ОД БИОГРАФИЈАТА НА СЛАВЕ КАТИН ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА
„ИЗБОР НА ТРУДОВИ“


Душан Ристевски – Македон е поет, драматург и афирматор на Македонците во
Австралија. Автор е на седум стихозбирки, 14 монодрами и две монографии за Славе
Катин. Неговата поезија е застапена во повеќе антологии во Австралија, Македонија
Америка. Исто така, тој е основоположник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ (1978), на списанието „Повод“ (1978) и на Австралиско-македонскиот театар (2007) од Сиднеј. Затоа, тој е еден од најактивните и најценетите македонски општествени дејци во Австралија.

Во делот „Избор на трудови“ за биографијата на публикацијата Душан Ристевски – Македон напиша дека Славе Николовски – Катин, кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа и Охрид, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во Македонците насекаде во светот. Тој и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква-Охридска архиепи-скопија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.   

Разновидната палета на Катин за реализација на стратешките цели на ова поле опфаќа бројни напори, од кои дел веќе функционираат. Покрај релативно честите посети на трите континенти и неговите приватни средби со мигрантите, преку неговите монографски публикации за најуспешните од нив, Катин, исто така, се обидува да предизвика интерес кај државните лидери во земјата за соработка со дијаспората. Ова особено се очекува со објавување на неговата 55 книга „Израел и Македонија“ (на англиски, македонски и хебрејски).

Катин е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец. Тој е роден точно на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него.

Во неговата биографија е забележано дека извесен период по неговото раѓање, семјеството се преселува во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра. До завршувањето на осум-годишното училиште во Љубојно и средното училиште во Скопје го носи презимето на мајка му – Грежловски, а потоа на факултет во Белград продолжува со презимето на неговиот биолошки татко Ристо (Барџевски) – Николовски, кој како емигрант го направи својот вечен дом во Рио де Жанеиро.


Во Љубојно Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со околу 4.000 книги Таму од мали нозе го почувствувал тешкиот печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печа-лбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов во Детроит, мајка му Сандра и очивот Јосиф Ничевски во Торонто.

Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно, а Средно техничкото училиште, геодетски отсек во училиштето „Здравко Цветковски“ во Скопје. Студирал две години Геодезија на Вишата геодетска школа во Белград., се школувал и во Торонто, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

По завршувањето на средното образование, неколку години Славе Катин работи како геометар во Собранието на Општината Ресен. Како студент во Белград, во почетокот на 1966 година заминува за Канада, каде останува четири години. Во Торонто се школува на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература „Раерсон“. Извесен период работи како геодет, а пројавува активност и во македонската колонија во Торонто. Еден мандат, во 1968 година, бил генерален секретар на Црковната управа на Македонската православна соборна црква “Свети Климент Охридски” во овој град. Паралелно се занимавал со новинарство.

Во летото 1970 година, по препорака на тогашниот југословенски амбасадор Митко Чаловски се вратил во Македонија како студент на Владата на тогашна Социјалистичка Република Македонија, преку Матицата на иселениците од Македонија. Заедно со неколку студенти од Канада и Австра-лија имал статус и бенефиции како странски студент во Македонија, со цел, пак, да се врати во Канада.

Како функционер на Владата на Република Македонија, Славе Катин бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и  Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбил  и Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, бројни европски земји, Турција и Израел.

Во неговиот богат творечки опус почнувајќи од првото авторско дело „Англиско-македонски лимнолошки лекси-кон (1986), па до денес, посебно внимание заслужуваат следните негови дела: „Македонците во САД и Канада“ (2002) (на македонски и на англиски јазик), „Македонски холокауст“, (1990),   „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ (1991), „Во Австралија како дома“ (1992), „Македонскиот иселенички печат” (1993), „Печалбарски копнеж“ (1993), „Македонски иселенички паноптикум“ (1996), „Иселенички хоризонти“ (1999), „Атанас Близнаков“ (2000), „Моите патувања низ светот“ (2001),„Илинден 1903-2003 и македонските иселеници“ (2003), „Иселеничка вртелешка“ (2008), и „Светот на дланка“ (2014) (на македонски јазик), како и на  публикациите „По патеките на Евлија Челебија“ (2005) (на турски јазик)и „Љубовни приказни“ (2011) (на англиски јазик), „Македонците во светот“ (2017) и „Преспанска разгледница“ (2020) (на македонски јазик).

Особено внимание заслужуваат неговите монографии „Андреа Бранов“ од Мелбурн, Австралија (2001). „Семејството Јановски“ од Торонто, Канада (2002), „Светле (Стив) Стамевски“ од Детроит, САД (2005), „Митро-политот Кирил“ од Македонија (2007), „Ѓорѓи (Џорџ) Томов“ од Њујорк (2007), „Бошко Рајчовски–Пелис-терски“ од Флорида (2008), „Петар Стаматов“ од Чикаго (2010), „Ѓорѓија–Џорџ  Атанасоски“ од Флорида, (2012 / 2015) „Атанас Близнаков“ од Гери, САД (2015 / 2017)  (на македонски и англиски јазик), и „Есма Реџепова -Теодосиевска“ од Скоп-је (2015),  (на македонски, англиски и ромски јазик), како и делото „Гога Печенковски“ од Ресен (2004) (на македонски), „Семејството Видиновски“ од Торонто (2019), „Силјан Мицевски“ од Битола (2022), „Творештвото на Славе Кати“ прво и второ издание (2022/2023) и други.

Промоција на дела на Катин во Торонто

Славе Николовски – Катин бил акредитиран новинар од Македонија за Австралиско-македонски неделник од Мелбурн во период од три години и за Меѓународна политика од Белград. Поголемиот број од неговиот опус на материјалите се однесува и е сврзан со активностите и животот на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада, САД и Европската Унија, како и на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земји, а 50-тина преводи од македонски на англиски во рубриката „Од месец до месец” во списанието Македонија се однесуваат на културно-политичкиот и општествениот живот во Република  Македонија.

Има учествувано на шеесетина симпозиуми, трибини, конференции и друг вид сесии во земјата и во светот на кои има презентирано, главно, реферати што се однесуваат на култу-рата, литературата, јазикот и религијата, како и на информативната и друга дејност на македонските иселеници во прекуокеанските и во западноевропските земји.

Како активен новинар бил избран за секретар на Здру-жението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа бил член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Бил член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград и член на „Друштвото на литературните преведувачи на Маке-донија“. Два мандата бил потпретседател, како и член на Друштвото за литература и култура Македонија-Канада, потоа бил почесен член на Здружението за примена на маке-донскиот јазик во службената и во јавната комуникација; потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Свети Кирил и Мето-диј” . Бил почесен член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД, а  почесен член  е на Литературното друштво „Браќа Миладиновци”, на „Канадско-македонското историско друштво“ од Торонто, Канада, на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, како и на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а е член на Друштвото за наука и уметност од Битола, Р. Македонија.

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој, е добитник на наградата „Крсте Петков Мисир-ков“ (1988) на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката, „Признание за животно дело“ на 48-те Љубански илинденски иселенички средби (2021), „Повелба за животно дело 2022“ на Пелагониските културно-науќни средби, како и најпрестижната „Глобална награда за животно достигнување“ (2022) на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, за постигнувањата на полето на дијаспората, напиша Душан Ристевски – Македон.

Продолжува