ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 72’ ДЕЛО НА МЛД „ГРИГОР ПЕРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави јунскиот бр. 72 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура.

Новиот број на сисанието „Повод 72  е издание за литература, култура, историја и општествени прашања. Него го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, во чија редакција се : Душан Ристевски-Македон (Главен и одговорен уредник), Иван Трпоски,Мена Ристевска Соработници: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Фиданка Танаскова, Александар Донски и Славе Николовски Катин (Македонија) Технички уредник/Дизајнер: Александар Донски

Јунскиот бр. 72 од списанието „Повод на насловната страница ја содржи фотографијата на писателот Крис Срефо или Ристо Стефов, како што им е познат на Македонците. Тој е писател кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Стефов е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо Стефов е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Според објавените податоци на авторот на овие редови Славе Катин за Ристо Стефов е забележано дека тој е роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада.

Инаку, неговото родно живописното селото Ошчима е сместено меѓу градовите Лерин и Костур блиску до изворот на реката Бистрица во северо-источниот дел на Егејска Македонија. Селото се наоѓа на околу илјада метри надморска височина, помеѓу планините Бигла на север, планината Гомнуш на исток и планините Локма и и Боданца на запад.

Во биогравските податоци на Ристо Стефов се вели дека по завршувањето на средното училиште во Торонто во 1974 година, тој се запишал на четиригодишните студии на Факултетот за електротехника при Универзитетот во Торонто, каде во 1978 година се стекнува со диплома инженер за применета наука во електротехниката.

Првата работа на Ристо Стефов била во Комисијата за транспорт во Торонто. Додека уште студирал на Универзитетот бил ангажиран да помогне во компјутеризацијата на возилата на Транспортното претпријатие во Торонто. Тука спаѓало инсталирање на системи за следење на возилата и на комуникацискиот систем. Потоа, на Ристо му било дадено задолжение да имплементира  информациски систем за одржување на возилата и разни други проекти.

Во неговиот богат опус на издадени книги, едно од најзначјните научни и негово капитално дело е „Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, дело на „Македонски јазик“ (2008), од Скопје, за чија промоција Ристо Стефов  дојде за прв пат во Република Македонија. За ова многу значајно историско дело кое содржи над 500 страници, тврд повез, рецензенти се: академик  Антоније Шкокљев – Дончо, по потекло од  Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија и Славе Николовски-Катин од Преспа.

Животната историја на Ристо Стефов е, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Ошчима, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија и на македонскиот народ. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци пред нив и по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава.

Во продолжение на списанието „Повод 72“ е даден текстот „ Во Мелбурн, каде се одбележани 122 години од загинувањето на Гоце Делчев“. Во него се вели дека по повод 122 годишнина од смртта на великанот Гоце Делчев организациониот одбор при црквата „Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ се одржа свечена комеморација пред споменикот на Гоце Делчев. За делото и живото на Гоце Делчев прочита Дејан Змејковски а учество зедоа голем број КУД од Мелбурн како и Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн. Панихида одржал отец Климент Станковски и свежи цвеќиња и венци на бистата на Гоце Делчев положија повеќе друштва и организации од Мелбурн.

Претседателката на МЛД „Кочо Рацин“, Гордана Димовска, меѓу другото истакна дека и по 122 години од смрта со гордост се присетуваме на големиот револуционер, идеологот, учител, борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев. Со храброста што ја поседуваше, го будеше духот на слободата, револуционерното движење, традиции, борба за национално, социјално – ослободување.

Притоа се поместени песните. „Апостол Гоце“ и „Ода за Гоце Делчев од Гордана  Димовска“, потоа песната „На Гоце Делчев војводат“ од Спасија Огненовска.

Посебен простор е посветен за текстот под наслов „80 годишнината од кодификацијата  на македонскиот јазик“. Во него, меѓу другото, се вели дека без разлика на ставовите на соседите, непобитен факт е дека постои стандардизиран и кодефициран македонски јазик со своја азбука и правопис. Во архивите и библиотеките постои цел арсенал книги со кои може да се покаже и докаже постоењето на македонскиот јазик и пред неговата официјална кодификација пред 80 години.

Исто така е забележано дека во време кога имаме наплив на странски зборови, македонистите сметаат дека доколку правилно се негува, најнапред во семејството, а потоа и во образовниот ситем, со што никогаш нема да биде загрозено опстојувањето на македонскиот јазик, кој е познат и признат во светот.

Во продолжение на ово број на „Повод“е поместено делата „Песна за Блаже Конески“ од Иван Трпоски, а потоа  е поместена песната од Саво Костадиновски „Македонскиот јазик е империја“, која е инспириран од македонските писатели и поети кои творат во иселеништвото, расеани по целиот свет, да ги напиши песните „Мисирков“ и „Мајчиниот јазик“.

Потоа е поместен текстот на Лилјана Стоилковка по наслов „Ганеви денови во Кожле“, во кој меѓу другото се вели дека на 18 мај во дворот на црквата ” Свете Спас ” во Кожле, Скопско близу вечното почивалиште на поетот Гане Тодоровски, во најубавиот месец во годината, седум дена по неговиот 96 – ти роденден и четири дена пред неговиот 15 – ти Митовден, се одржа годинешната поетска манифестација ” Ганеви Денови “, Во продолжение е поместена песната „На Гане Тодоровски“ од Виолета Ачковска. 

Исто така, одреден простор е посвете на текстот за делото  „Австралијанец во паралелен универзум“ од Виктор Бивел. Во него, на македонски и англиски јазик се вели дека македонскиот автор од Мелбурн, Маноли Германов, ја објави својата втора книга “Aussie in a Parallel Universe” (Австралијанец во паралелен универзум“), која е достапна бесплатно во дигитална верзија на интернет страницата pollitecon.com.

Потоа, посебен простор е посветен на новата сликовница под наслов „Мисијата на Спајк“ од Христиан Ангел Јовановски од ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Скопје. Тој е роден на 11.02.2010 година во Мелбурн, и како петто одделенец го напиша расказот. Во 2021 година учествува на анонимен конкурс и истиот расказ е награден, а оваа 2025 година наместо роденденска торта тој в раце ја држи неговата прва сликовница.

Исто така е поместен текст за новиот роман „Злоупотреба на љубовта“ од Велика Џангова  – Гатсис. Овој роман беше промовиран во Квинбијан. Инаку, во книгата авторката го третира мотивот како и во своите претходни романи, а тоа е судирот помеѓу злобните поединци од една страна и наивно добрите луѓе од друга страна.

Во продолжение на овој број е пренесен текстот посветен на излегувањето од печат на книгата „Што сторивме со спомениците и историјата?“ од академик д-р Миле Д. Миќуновиќ, а во издание на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Во неа се опишани 130 спомен – обележја во Охрид и Охридско.

Посебен простор е посветен  на текстот што Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на својот редовен состанок ја прифати номинацијата за прогласување на почесен член на проф. д-р Виолета Ачкоска.

Инаку, Виолета Ачкоска е доктор по историски науки, универзитетски професор во пензија, која најголемиот дел од својот работен век го поминала на Филозофскиот факултет во Скопје, на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“. Родена е во Охрид на 4 септември 1954 година. Во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја. На истиот факултет магистрирала во 1988 и докторирала во 1993 година со темата: „Аграрот и селото во Македонија 1945-1955 година“

Во продолжение е поместе текст од Иван Трпоски кој се однесува на новата театарска продукција од Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј. Имено, Театар од Сиднеј за македонската заедница ја подготви најновата драмска продукција „Преполнета чаша“ од Душан Ристевски во режија на Лила Мицевска. Сценските изведби се најавени за 2 и 3 мај во Рогдел, 4 мај во Бенкстон и на 10-ти мај со две изведби во градот Волонгонг. Ова продукција се реализира неколку години после радио драмата „Локдеон“ што се промовира во почетокот на 2022 година.

Иван Трпоски се претставува и со текст посветен на драмска продукција „Преполнета чаша“ која со пет престави успешно беше презентирана пред публиката во градовите Сиднеј и Волонгонг на 2,3,4 и 10 мај, престави кои беа гледани од околу 600 љубители на театарот.

Пото е поместен текс за Крис Павловски, во кој се вели дека тој е канадски милијардер чии родители се од Македонија, кој на платформата Х коментираше дека и Македонија била дел од земјите за кои вели дека биле киднапирани од невладини организации и од УСАИД. „И Македонија е киднапирана од левоориентирани невладини организации и УСАИД. Американците можеа да се заштедат 2 милиони долари“, напиша Павловски на Х. Павловски е основач на платформата Ramble, која е дизајнирана како алтернатива на You Tube и работи во тимот на Доналд Трамп.

Посебен простор во „Повод 72“ е посветен на текстот за познатиот иселеник Сотир Гроздановски од авторот Славе Катин, во кој, меѓу другото се вели дека тој беше еден од познатите и почитувани иселеници во САД. Во Детроит го формира Македонскиот културен центар “ИЛИНДЕН” за Америка и Канада. Со група ентузијасти, волонтерски и со самофинансирање, успеваат во самиот зафат да ги задоволат потребите на црковните заедници. Беа печатени црковните билтени со континуирано бележење на црковно-културни настани на Македонците во Америка и Канада.

Сотир Гроддановски беше роден на 11 јули 1936 година во Буково и почина во убавото Буково, Битолско на 4-март 2025 година. Таму го заврши основното образование, додека средното образование го започнал во гимназијата “Гоце Делчев“ во Битола, а го заврши во Пула на Машинско-техничкото училиште на Југословенската воена морнација во Хрватска.

Во продолжение Александар Донски пишува за ренесансниот мајстор Јулио Ѓорѓио Кловио (Giulio Giorgio Clovio), кој е познат и како Јулие Кловиќ кој по потекло бил Македонец. Тој бил роден во Хрватска, но неговите родители биле Македонци, кои таму се доселиле од Македонија. Неговото македонско етничко потекло е добро познато во светската јавност, иако некои хрватски учени го прикажуваат како Хрват.

Фиданка Танаскова, пак, презентира текст под наслов „Македонците се милениумски народ“, во кој, меѓу другото вели дека Македонците, Македонија се древна земја и народ, кои неслучајно над дваесет пати се спомнати во Библијата. А меѓу најновите откритија на археолозите, се во битолското село Црнобуки. Пронајдени се остатоци од древен град, за кој се смета, дека е можно да е градот во кој се родила Евридика – бабата на големиот стратег и воин Александар Македонски.

Во текстот „Остани силна Македонијо“ Гордана Димовска пиѓува дека во изминатите броеви во нејзините статии издвоила голем број историски неправди сторени над Македонија. И денес повторно се прашуваме каде сме погрешиле, односно кој е крив за се’ што ја кочи македонската нација да направи пробив во светот без препреки и сопки. Постојано треба да се бориме за да докажуваме некому дека сме посебна нација, со свои карактеристични белези, дека не сме ни Бугари ни Срби, ни Грци. Тоа посебно го осеќаме на своја кожа и ние во иселеништво, во мултикултурните општества, пишува Димовска

Во текстот, пак, под наслов “Нов напад против големогрчката пропаганда се подготвува во егејскиот дел на Македонија“ се вели „Сведоци сме дека од неодамна во егејскиот дел на Македонија се случува вистинска национална преродба на Македонците кои поотворено и похрабро го артикулираат својот македонски национален идентитет. Тие го прават ова главно преку масовно посетени народни собири и свечености каде што отворено се изведуваат македонски народни песни и орца. Затоа сите Македонци насекаде во светот треба да се спротистават на национална грчка пропаганда..

Во продолжение на овој број на списанието „Повод“ е поместен интересен текст на Мена Ристевска под наслов „Дрога: Вистински фактор“. Во него, меѓу другото, се вели дека терминот екстази е вообичаеното име за Метилендиоксиметамфетамин (MDMA). Во суштина, стимулант со халуциногени карактеристики, екстази најчесто доаѓа во облик на таблети во различни бои кои се разликуваат поред „печат“. Обично се проголтува, но може исто така да се крши или да се шмрка.

Исто така рубриката „Еден поет една песна“ од Иван Трпоски е посветена на песните „Тагата на споменот“ и „Разделба“ од Цане Ѓуровски од Сиднеј.

На крајот е отпечатена објавата дека   Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го организира својот традиционален награден конкурс за поезија и проза за возрасни и деца:

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН