ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН
Кон Декларацијата од свечениот Собир што се одржа на 1 јули 1988 година во салата на Скопскиот саем што беше упатена до светската јавност, ќе го поместиме Соопштението до медиумите од Македонското движење за човекови права од Канада во врска со браќањето од грчката граница на Стив Пљакас.
Еве што пошува Бил Николов Македонско движење за човекови права на Канада. Стив Пљакас, добро познат етнички македонски активист од Канада, беше вратен од грчките погранични власти на границата меѓу Република Македонија и Грција. Господин Пљакас се обиде легално да ја премине границата на граничниот премин Ники (Меџитлија), на 6 јули 2002 година за да ја посети родната земја.
Грчките погранични власти го информираа господин Пљакас дека неговото име е на „Листа на неприфатливи“ за таа земја, иако не можеа да објаснат зошто. Официјалните лица му врачија на господинот Пљакас официјален документ со кој се потврдува дека неговото име е внесено во „Листата на неприфатливи“.
Ова не е прв пат на господин Пљакас да му се забрани влез во Грција. Првпат тоа се случи во 1992 година и оттогаш пет пати му е забранет влез во Грција, вклучувајќи ја и 1996 година, кога беше дел од придружбата на патувањето на фолклорното друштво „Македонка“ од Торонто. Во таа пригода, на Лили Пљакас, сопруга на господинот Пљакас, и’ беше дозволено да влезе во Грција со фолклорната група, додека тој мораше да остане.

Господин Стив Пљакас е роден на 2 јуни 1940, во селото Зелениче (Склитрон на грчки јазик), а во 1952 година законски емигрирал од Грција во Канада. Оттогаш, нему му е дозволено да го посети своето родно место само двапати.
Господин Пљакас верува дека е ставен на црната листа на Грција веднаш по станувањето активист за правата на етничките Македонци во Грција и секаде на други места. Имено, во 1988 година тој стана претседател на Организацијата „Обединети Македонци“ од Канада, организација која се залага за етничко, културно и духовно единство на сите етнички Македонци родени во етногеографската Македонија и нивните потомци.
Во последните две години, господин Пљакас беше и претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.
Господин Пљакас изјави: „Повикот за праведно постапување кон македонското малцинство во Грција не треба да биде кривично дело. Со ваквото однесување, Грција уште еднаш покажа дека е антитеза на демократска држава во која отворената размена на различни точки на гледишта е прифатена и охрабрувана. Овој вид на однесување „со крената рака ја прави Грција срам за Европската унија.“
Македонското движење за човекови права од Канада активно работи на прашањето за човековите права на Македонците од 1986 година. Тоа ја спроведува својата двојна улога на застапување и образование ширум Канада и на Балканот, меѓу другите активности, истакнувајќи случаи на злоупотреба на човековите права или прекршоци врз припадници на македонските малцинства во земјите на Балканот.

Славе Катин