Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на Електронски системот за влез/излез (ЕЕС). Овој систем, кој ќе го замени досегашното рачно печатирање во пасошите, ќе се применува и за македонските граѓани при преминување на границите на ЕУ. Според овој нов систем, граничните службеници ќе ги скенираат отпечатоците од прсти на лицата кои ја преминуваат границата за прв пат или ќе ги фотографираат. Овие информации ќе се чуваат во дигитална датотека, што ќе овозможи точно да се знае кој влегува во Шенген-зоната со странски пасош и кој останува подолго од дозволените 90 дена.