ПРАИСТОРИСКОТО ЕОЛСКОТО ПЛЕМЕ МИНИЈЦИ (23)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

За минијското потекло на Аргонаутите постојат многубројни податоци како од Аполониј од Род (I, 229), така и од Раусаниј (IX, 36,3) каде, меѓу другото, се тврди дека Фрикс бил правнук на Миниј, а, пак, Јасон бил потомок на ќерките на Миниј. Фрикс бил син на кралот на Орхомен, Атамас (Αθαμας) и неговата жена Нефеле, (Νεφελη) и брат на Хела (`Ελλη). Во Фрикс се заљубила неговата тетка Бијадика, жената на кралот Кретеј. Кога тој отсечно ја одбил, таа го обвинила дека се обидел да ја силува.

Заради тоа народот во Беотија побарал смрт за Фрикс. Кога требало да биде жртвуван, Зевс или Хера го пратила крилестиот златен овен кој долетал да му помогне на Фрикс. Момчето со сестра му Хела се качиле на грбот на овенот и одлетале на исток кон Колхида, каде Хелиј (Сонце) ги чувал своите коњи во штали. По патот Хела ја фатила вртоглавица, изгубила рамнотежа и паднала во клисурата меѓу Европа и Азија, која според неа била наречена Хелеспонт.

Фрикс го продолжил летот, стасал во Колхида и веднаш го жртвувал овенот на Зевс. Неговото златно руно станало славно една генерација подоцна, кога Аргонаутите тргнале во потрага по него, во 1225 година пред Христа. Сето ова е минијска легенда за златното руно и Фрикс.

Најдобри податоци за минијското потекло на Аргонаутите, сепак, забележал Херодот (IV, 145 и понатаму) во врска со инцидентот кој се случил меѓу Спартанците и Минијците на Тајгет: „…Пелазгите, …ги протерале потомците на Аргонаутите од Лемно, а тие оттаму отпловиле во Лакедемон и, задржувајќи се на Тајгет, запалиле оган. Забележувајќи го тоа, Спартанците пратиле гласници за да дознаат кои се и од каде се. Кога гласникот ги прашал, тие му одговориле дека се Минијци, дека се внуци на Аргонаутите кои се задржале на Лемна и ги изродиле нив…

Спартанците со задоволство ги примиле Минијците и им одобриле да се населат каде што сакаат. На тоа посебно биле поттикнати од сознанието дека на бродот Арго биле и Тиндаридите (Кастор, спартански борач и Полидеук, спартански боксер, браќата на Клитеместра и на убавата Елена)…

Примајќи ги Минијците во својата земја, им дале земја и ги поделиле меѓу племињата.“ Тиндаридите биле со лелешко потекло. Не минало многу време од нивното доаѓање, а Минијците зајакнале и барале да им биде дадено да бидат кралеви. Заради тоа, некои Минијци биле протерани и заедно со спартанскот крал Тера отишле и го населиле островот Калистра во Егејот. Тука Тера повторно станал крал, а според и островот  го добил името Тера (Sandorini).

Меѓу Минијците на Тера бил и нивниот земјак Бат (Βαττος), син на Полимнест, од mинијското семејство Еуфемиди (Ευφημιδης). Овој минијски Подунавец станал основач и крал на големата минијска колонија Кирена во Либија, околу 630 година пред Христа, со која владеел 40 години. Неговите славни потомци Батиади, Аркесилај I-IV и Бат II-IV, владееле со Кирена и по 460 година пред Христа, т.е. околу 170 години.

Со доаѓањето на Дорците на Балканот, најпрво во Тесалија, околу 1124 година пред Христа, а потоа на Пелопонез, во 1104 година пред Христа и во Атика, во 1044 година пред Христа (Ератостен, 275-294 година пред Христа), многу Минијци мигрирале во Мала Азија (Еолија и Јонија) и на егејските острови.

Доселениците во Еолија, т.е. и Минијците, биле први кои во подоцнешните векови ја развиле епската поетска  традиција на Хомер. Bruk (1933) смета дека глосолошкиот супстрат на еолскиот јазик е јазикот на Минијците (Томсон, 1954 г., 286), т.е. Подунавците.

Томсон (1954 г., 408), исто така, забележува една паралела во митовите за Одисеј и Аргонаутите, па истакнува дека митот за Аргонаутите, од исток на Балканот кон запад го преместиле Минијците, потомци на Нелеј, при нивната миграција на запад на Пелопонез. (Прилог 13)

Една голема група Минијци мигрирале на Кавказ, северно од Асирија во Ермениј, под името Арменци. Херодот (VII, 73) изнесува дека Арменците се потомци на Фригите, односно балканските Бриги. Гревс (1990 г., 154, 12) истакнува дека Арменија значи Ar-Minni, што во негов превод било „висорамнина Минија“. Меѓутоа, сметаме дека етнонимот и хоронимот етимолошки имаат палеобалкански глосолошки супстрат.

Арменци би била кованица од αρ, αρα-ar, ara, што во превод значи навистина, тукушто, токму и Μiνυοi-Minijci, т.е. вистински Минијци. Денес, во јужниот дел на Транскавказија постои Република Арменија или Ерменија, со главен град Ереван. Минијската ономастика постои не само во Азија, туку и на Балканот, како што се Арменохори и Арменово во Македонија, Јарменовци кај Рудник, Јерменовци во Банат, како и градот El Minya во Горен Египет, на левиот брег на Нил, со 200 000 жители и др.

Древен календар

Лапитите, како потомци на Хиперборејците, народ населен на далечниот Север, на бреговите на Океанот, т.е. Дунав (Херодот, IV, 32 и понатаму), при својата преселба долж Морава и Вардар, ги понеле со себе и ги донеле во подножјето на Олимп и своите божества Посејдон и Аполон. Тоа го потврдуваат легендите и античките писатели. Според делфинската легенда, примарно седиште на богот Аполон бил Олимп и тесалиска Темпа.

Храмот на богот Посејдон, кој според Хесоид (Theogonia, 453 и понатаму) ги поставил бедемите кои го опкружувале Тартар (Ѓердап), “бронзена врата” – Денес “железна капија”, бил пренесен од градот Петра, во областа Пиерија во Македонија.

Населби на Лапитите во Еолија биле : Атракс, Гиртон, Елатеја и Корона (северно од денешниот град Лариса).

Етнонимот на Лапитите потекнува од сложен збор, каде Lapa значи рамница, стомак, па оттаму и современите називи во медицината лапа-ротомија и лапа-роскопија. Како и од зборот Iti, императив од eimi-да припаѓаш, што би значело народ од рамница. Топоним со ист корен постои во називот на градот Лапово во Србија, во Моравската Рамнина, што упатува на хипотезата за нивната прататковина, како и многу топоними во Хомоље под називот Петра, Петриш, Петрикша, Петрач, Петро-Град, Петрина карпа итн.

Лапитите во митологијата се витешко племе, познато по јуначките борби со Кентаурите, сурови, влакнести суштества кои живееле во тешко пристапните шуми и планини Пелион, во Магнезиска Тесалија.

Родоначалник на Лапитите бил кралот Лапит, син на хиперборејскиот бог Аполон и нимфата Стилба, ќерка на богот Пенеј. Нивни деца биле Форбант и Перифант. Според Диодор (Diodor Sic.) (IV, 69) и Хомер (I,1, I, 266 и XII, 128), како браќа на Лапит се наведуваат уште Кентаур и Енеја, додека деца му биле Пртенија и Периерг.

Постариот син на кралот Лапит, Форбант, ја напуштил Тесалија и се населил на островот Род кој бил загрозуван од бројни отровни змии. Откако го ослободил островот од отровниците, формирал колонија од свои земјаци и станал крал на Род. Со Хирмина Форбант имал двајца синови, Актор и Авгеј. Меѓутоа, според едно друго предание од Пелопонез, Форбант од Тесалија преминал во Алида, каде му помогнал на елидскиот крал Алектор во борбата против Пелоп од Фригија.

Во знак на благодарност Алектор со Форбант го поделил кралството, кое по смртта на Форбант го населиле неговите синови и ја поделиле власта над Елида.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН