Хрватот Нико Ковач е нов менаџер на Баерн Минхен, потврди баварскиот клуб, и на тоа место ќе го замени Јуп Хејнкес. Ковач ќе стапи на функцијата од 1. јули оваа година, а договорот има важност до 30. јуни 2021 година.
-Среќен сум што можеме да го промовираме Нико како наш нов тренер. Тој беше фудбалер на Баерн, добро го познава нашиот менталитет и структура и мислам дека направивме вистински избор-изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Како свој помошник, Нико Ковач го води својот брат Роберт, кој исто така играше за клубот од Минхен. Кога сме кај тоа, Нико во Баерн настапуваше од 2001 до 2003 година, одигра 34 натпревари на кој постигна три гола.