Унгарскиот парламент го усвои уставниот амандман со кој се дозволува владата да забрани јавни активности на ЛГБТКју+ заедницата.
Правниците и критичарите ја оценија одлуката на унгарскиот парламент како уште еден чекор кон авторитаризам, наведувајќи дека популистичката влада продолжува да ги ограничува правата на ЛГБТКју+ заедниците.
Амандманот го предложи владејачката коалиција Фидес-КДНП, на чело со премиерот Виктор Орбан, а пред гласањето опозициските политичари и демонстрантите се обидоа да го блокираат влезот на паркинг гаражата на парламентот за да спречат влез на пратеници од владејачката партија, а полицијата ги отстрани.