Фетаи се сретна со албанскиот претседател Бајрам Бегај

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во Скопје, заедно со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, имаше средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

За време на средбата се разговарало за зајакнување на соработката меѓу Албанија и Северна Македонија во рамките на процесот на интеграција во Европската Унија, како и за други прашања од заемен интерес.

-Главните теми на разговорот беа Коридорот VIII, безбедноста, претстојната посета на претседателот Бегај на Северна Македонија и најновите политички случувања во нашата земја, напиша Фетаи на својот профил на Фејсбук.

Истакнувајќи ја важноста на добрите односи во сите области, Фетаи оценил дека соработката меѓу Северна Македонија и Албанија е клучна за стабилноста и просперитетот на регионот.