ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН
Истражувањата на културата на Лепенски Вир биле долготрајни, многубројни и мултидисциплинарни. Проучувани се антрополошки остатоци, правени се анализи на фауната, прибавени се непроценливи податоци за користењето на суровините и нивната преработка, истражувани се градителските дејности, организацијата на населбите, погребните ритуали. Со стратиграфија на населбите е следена хронологијата на уметничките споменици на Лепенски Вир.
Се испитале 50 археолошки наоѓалишта на разни стратиграфии од палеолитскиот и мезолитскиот период на разни локалитети. На локалитетот Прото-Лепенски Вир, потоа Лепенски Вир I и II, кои се матични подрачја на Ѓердапската култура, испитани се сукцесивни населби на ловци и риболовци.
Сé поголемото упатување на тајните на ѓердапската природа, довело до раслојување и специјализација на популацијата со појавата на шамови, гаталици, градежници, скулптори, рибари, дрвосечачи, алатничари, сточари, земјоделци, трговци и др. Со време Лепенски Вир станал културен и верски центар на сите заедници на Ѓердап. (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983г., 50)
Во културата на Лепенски Вир откриени се 53 скулптури со различни форми и стилови. На појавата на скулптурите влијаеле религиски и социјални чинители. Во еволуцијата на уметноста на Лепенски Вир, содржините се претежно од културна природа. Во почетокот тоа се тотемски искази (риби, луѓе-риби, елен), а потоа со антрополошки црти, културно-магиски облици, со богати орнаментални претстави.Од останатите уметнички дела, установени се: игли, гравури, прстени, жезла, ѓердани, музички инструменти, сврдла и други култно-уметнички материјали.
Скулптурите се направени од камен, крупнозрнест кварцен песок, во природен облик валчести измазнети речни камења, кои му одредуваат значајно место во сите фази на уметноста на Лепенски Вир. Обработката на овој вид материјал е полесна додека каменот е во вода, но е многу тешка кога каменот е сув. Речните камења се со јајцевиден или со полуедричен облик, со висина од 16-75 см.
Најраната појава на светилиштата, во културата на Лепенски Вир, датира околу 6000 г. пред Христа. Светилиштата имаат основа како и семејните огништа, но покрај огништата имаат камени седишта, жртвеник и скулптури со строго унифициран внатрешен распоред. Лизарчето (измазнет валчест камен) на скулптурата означува епицентар на стаништето (домот), заради што целиот комплекс потсетува на стилизирана човечка фигура.
Распоредот на скулптурите во рамките на светилиштата бил различен. Најмногу ги имало во позадина на светилиштата, 48,83%, во пределот на огништата 24,32%, кои крилата на светилиштата 16,21% и кај пепелиштата 10,83%. Најстарата фигурна сулптура од Лепенски Вир датира околу 6500-6000 г. пред Христа и претставува човек во размер 23,2×16см со детали од неговото лице.
Скулптурата од светилиштето која претставува надворешен дел од женски полов орган (вулва) пред породување, со интензивна црвена боја заради печењето на скулптурата, упатува на важноста на жената во матријархатот во Лепенски Вир, заснована на крвно сродство. Меѓу уметничките остварувања во културата на Ѓердап, Средно Подунавје, од XI век пред Христа, графитите, како своевидни записи, претставуваат значаен дел во развојот на симболизмот, врзан за водите на Дунав.
Гравурите на рог и коски укажуваат на ликовниот јазик кој се негувал и во тогашните културни центри во Средна и Западна Европа, некаде околу 25000 г. пред Христа. Графитите се геометриски украси составени од полни линии (линеарно писмо?), одвоени во вид на монограми, дијаграми, триграми и полиграми.
Линиите се ставени вертикално, хоризонтално или косо. Пред тоа, постојат цик-цак мотиви, ленти, мали штици, ромбови, триаголници и други, шрафирани или не, геометриски облици. Вкупно се утврдени 12 основни знаци, со околу 40 нивни варијанти (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983 г., 30). Од ова следи и прашањето дали графитите на ѓердапската култура се писмо на нејзините жители и што сé се соопштува со нив. Тоа е тешко за дешифрирање.

На урнатините на културата на Лепенски Вир, како и по должината на Средно Подунавје, Морава, Вардар, Бистрица, Пинеј и Егеј, од средината на VI век пред Христа, никнуваат првите населби направени од земја, со производство на разни предмети од печена земја наместо мазен камен. Оваа нова култура во археологијата е означена како неолитска култура или култура на младото камено време. Освен Балканот, таа ги опфаќа уште и Унгарија, Романија и Молдавија
Во Србија е позната како старчевачка култура, во Македонија породинска, во Бугарија како каранова, а во Грција како прото-сескло култура. Заради поедноставување во терминологијата, оваа култура носи единствен назив – „Неолитска култура на Централниот Балкан и Егејот“.
Носителите на оваа култура не се познати со сигурност. Постојат две веројатности. Првата е дека оваа култура е поттикнување од Анадолија и Блискиот Исток, па преку егејскиот брег понатаму, по должината на големите реки, сé до Дунав, Централен и Западен Балкан, во ритамот на исчезнувањето на ледените зони. Следната е дека земјоделците од Средно Подунавје се непосредни потомци на локалната популација и дека немало прилив на нови жители.
Понатаму, дека првите селски населби се развиле на иста локација како и населбите на културата Лепенски Вир, а дека покрај одгледување стока и обработка на земјата жителите негувале лов и риболов. Атлантската и црноморската клима биле тие кои им овозможиле на локалните заедници да пристапат кон произведувачка економија и да ја зацврстат новата култура. (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983 г., 62)
Во старчевачката култура, наречена по населбата Старчево покрај Бел-град, спаѓаат уште наодите во Течиќ покрај Крагуевац, Рудник кај Призрен, Падина кај Ѓердап, Гладници кај Приштина, Обрез на Сава и др.
Во Македонија е културата Породин, кај Битола, Анза и Вршник покрај Штип, Зелениково кај Скопје, Nea Nikomedea кај Солун, Sitagroi кај Драма и други.
Во Босна е Oбре I култура кај Какан, Какан кај Високо, Горна Тузла и др.
Во Бугарија е Караново I и II, култура кај Нова Загора, Бањата кај Пазарџика и др
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН