Вучиќ: И ги ставаме на располагање сите капацитети на Македонија

Србија ќе и даде брза, силна и сеопфатна помош на Македонија поради несреќата предизвикана од пожар во дискотека во Кочани, каде утринава загинаа 59 лица, а 155 беа повредени, јави МИА од Белград.Тоа денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
На седница на Владата на Србија тој нагласи дека државата ќе ги стави на располагање сите полициски, воени и здравствени капацитети за да и помогне на Македонија.

„За вторник, претпоставувам дека веќе одлучивте на подготвителниот состанок да  биде ден на жалост“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека утринава разговарал со претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и премиерот Христијан Мицковски и изразил сочувство во име на Србија.

Вицепремиерот на Република Србија Александар Вулин, по повод трагедијата во Кочани, упати сочувство до премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.

„Нема утешни зборови за бесмислените, ужасни загуби на млади животи. Нема утеха, ниту збор, ниту дело, ниту со текот на времето ништо нема да смени. Ги замолувам граѓаните на Република Македонија само да разберат дека ја споделувам и ја разбирам нивната болка“.
Министерката за државна администрација и локална самоуправа на Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и до сите жители на Република Македонија и државниот врв.