Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во вторник ќе расправаат за Предлог-извештајот за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. На седницата на АФЕТ во вторник, европратениците ќе разменат и мислења за состојбите на Блискиот Исток со сирискиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ајман Сафади, а извршниот директор на Европската фондација за демократија (ЕЕД), Јержи Помјановски ќе им го презентира Годишен извештај за демократија на организацијата за 2024 година.