Мицкоски – Јандроковиќ: Унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија

Денеска остваривме средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на која разговаравме за унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија, објави премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук.

– Хрватска останува наш важен партнер и пријател, а заедничките иницијативи ќе продолжат во духот на стабилност, просперитет и взаемна поддршка, напиша Мицкоски.