Премиерот на Велика Британија, Кер Стармер пристигна во Белата куќа на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Стармер на Трамп му врачи покана од кралот Чарлс Трети за втора државна посета на Велика Британија. Американскиот претседател веднаш прифати.
Посетата на Стармер на САД е во момент на интензивирање на дипломатската активност за завршување на војната во Украина.
Пред три дена претседателот на Франција, Емануел Макрон беше во Белата куќа на средба со Трамп.