Американскиот Сенат со 52 гласа „за и 48 „против“ ја изгласа Тулси Габард директорка на Националното разузнавање.
Габард (43) ќе надгледува 18 разузнавачки агенции, меѓу кои ЦИА, ФБИ и Агенцијата за национална безбедност (НСА) и ќе управува со буџет од повеќе од 70 милијарди долари.
Поранешна демократка ќе раководи со Националното разузнавање, канцеларија формирана по терористичките напади на 11 септември 2001 година за да го координира растечкиот разузнавачки апарат.