ВО ХАМБУРГ – ГРАДОТ НА ГОЛЕМИОТ ЈОХАНЕС БРАМС (22)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА МЕТРОПОЛИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Повеќе од 800 години Франкфурт е еден од нај­значајните интернационални саемски градови. За­тоа, и мудриот Германец најнапред започнал да го гради големиот аеродром, чија пристанишна згра­да може да прими и послужи десетици милиони патници го­дишно. Потоа, во таа метропола е изградена нај­го­­­ле­мата спортска сала, во која се одржуваат бројни ев­­ропски и светски спортски и други манифестации, се извишуваат разни зданија од уметноста, театарот, науката и други институции што £ даваат посебен белег и зна­­­че­ње на оваа германска и европска метропола.

Кога го рзгледувавме Франкфурт, чекоревме полека љубопитно набљудувајќи  ги  улиците во кои во ми­на­то­то се одвивал централниот градски соо­бра­ќај, а денес се пешачка зона. Царството на пешаците каде човек се чувствува не како во ед­на светска деловна метропола, туку како во про­стран прекрасен парк во кој холти-културата дош­ла до израз. Таму има простор за сите: за купувачи,  ше­тачи, и за оние што безделничат. Денес во милионскиот Франкфурт има повеќе ули­ци кои служат како пешачки зони за одмор и ре­креа­ција на народот.

Во центарот на градот ја посетивме црквата „Света Катерина“, а потоа се упативме во една авенија на која се лоцирани поголем број кафеани, бистроа, продавници од различен вид и тип и други интересни монументални зданија на овој град. Таму видовме голем број обновени и реставрирани деловни згради и споменици кои, како што ни беше речено, биле оштетени или уништени во Втората светска војна. Во една скромна кафеана, со германско пиво, ги слушавме 35-те ѕвона на црквата „Свети Никола“, црква која е градена во 1290 година, во исто време со црквата „Свети Климент Охридски“ во Ох­рид, што зборува дека во тој период и Германците и Македонците имале голема почит кон светителите.

Во вечерните часови заминавме од Франкфурт за Хамбург, кој е една од поголемите метрополи во Гер­манија, а и во Северна Европа, со над два ми­лио­на жители, распространет на површина од 755 квад­ратни километри. Град кој има значајно ис­­ториско минато и сегашност за германскиот народ и град пристаниште со статус на сојузна покраина на Германија, оддалечен стотина километри од ла­бин­­ската утока, преку која е поврзан со Северното Мо­ре.

Хамбург е најголемо пристаниште во Германија за прекуокеански сообраќај, а за увозно-извозната тр­­говија е еден од најголемите центри во светот. Огромни, необични и интересни прекуокеански бродови се укотвуваат во Ка­кехафен, на устието на реката Елба. Исто така, тој е важна сообраќајна крстосница за железничкиот и за авионскиот сообраќај. Во него е развиена ма­шин­ската, дрвната, авионската, хемиската и други ин­­дус­трии. Таму има бројни театри, би­б­лиотеки, високообразовни институции и ин­сти­ту­ти, цркви и многу други културно-историски зданија и споменици. Оваа метропола е родното место на големиот светски композитор Јоханес Брамс. Слушајќи ги прекрасните ноти на вечерниот концерт, господинот што седеше до нас нѐзапраша: „Го сакате ли вие Брамс?“ Му одговоривме со еден збор: „Апсолутно, го сакам Брамс!“

hamburg2

Градот го формирал Карло Велики во IX век, градејќи тврдина на истото место на кое е лоциран Хамбург. Старата тврдина се развила во бискупски центар кој заедно со околните места прет­ста­вувал стратешки објект и предизвик за бројни ос­во­јувачи. Така, Викинзите го нападнале градот, го ог­р­абиле, го разрушиле и си заминале, исто како и слав­јанските племиња што го направиле истото мал­ку подоцна. Затоа, со право се вели дека Хамбург има бурна историја, но и чудна судбина. Сепак, како феникс,секогаш успевал повторно да застане цврсто и да се обнови. 

При посетата на овој убав, современ, значаен и модерен европски центар, бевме информирани дека во XI век на просторот на Хамбург биле изградени два замока еден спроти друг, Алстербург и Неуебург. Меѓутоа, нивната судбина била тажна. Ги зафатил голем пожар и речиси ги уништил. А и бројот на жи­те­ли­те бил десеткуван од колерата, болест што го со­би­­рала својот данок низ Европа. Потоа бил освојуван и разурнуван од многу племиња, како и од Наполеон, од Германите…

Во почетокот на минатиот век, бројот на не­го­­вите жители се зголемил до еден милион, а градот ста­­нал значаен германски и севернобалтички цен­тар. Изградени се монументални зданија, обновени се старите архитектонски комплекси со што градот го добива својот вистински имиџ. Меѓутоа, во 1943 го­дина Хамбург ја плаќа цената на фашизмот; со­јуз­нич­ките бомбардери уништиле половина од него.

brams

Спо­ред зборовите на нашите домаќини, градот лежел на големи урнатини. Меѓутоа, вредните раце на гер­ман­скиот човек го направиле своето. Во  по­вое­ни­от пе­риод следи силен подем; обнова на ра­зур­на­тото и изградба на голем број објекти во централниот дел на градот, на бреговите на реката Елба и број­ните канали, како и во околните места. Затоа, денес, Хамбург е привлечен за многубројните туристи кои како река се слеваат од целиот свет и е пријатно катче за работа и за живот.

При нашата посета ни беше речено дека Хамбург често го нарекуваат „градот на скла­диш­­тата“, бидејќи во него се сместени илјадници сто­ва­ришта за различни стоки. Има безброј докови, мали пристаништа за прифаќање на бродовите со го­лем број производи, кои со безбројните големи кон­теј­нери се пренесуваат низ Европа и по­ши­ро­ко.

Градот има и еден друг изглед. Имено, веш­тач­кото езеро Алстер, заедно со реката Елба, со број­­ните канали и паркови што ги поврзуваат и нај­од­далечените места, му даваат имиџ како на „зелена“ метропола која изникнува од бреговите на водената маса. Таа глетка ја збо­га­ту­ва­ат 2. 321 мост со кои се поврзани овие канали и го др­жат при­ма­тот на Хамбург како град со најголем број мостови во светот.

Во исто време тој е град на кул­турата, за­бавата, познат по многуте изложби, спорт­ски нат­пре­вари, концерти… Затоа, дневно околу 150.000 луѓе од други места на Германија и светот доаѓаат да го по­сетат, да купуваат или да уживаат во сè она што им го нуди оваа германска метропола.

Продолжува

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН