СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН – ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО“ (8)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората. Исто така, неговата работа и творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката религијата и други аспекти за етничка Македонија и дијаспората..

Славе Катин е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа во куќа која во тоа време ја заплиснувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец. Меѓутоа,во Љубојно, го минува детството и младоста, а се навраќа во него цел живот каде има македонска куќа со библиотека од 4.000 книги.

Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно, а Средно техничкото училиште, геодетски отсек во училиштето „Здравко Цветковски“ во Скопје. Студирал две години Геодезија на Вишата геодетска школа во Белград., се школувал и во Торонто, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

По завршувањето на средното образование, неколку години Славе Катин работи како геометар во Собранието на Општината Ресен. Како студент во Белград, во почетокот на 1966 година заминува за Канада, каде останува четири години. Во Торонто се школува на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература „Раерсон“. Извесен период работи како геодет, а пројавува активност и во македонската колонија во Торонто. Еден мандат, во 1968 и 1969 година, бил генерален секретар на Црковната управа на Македонската православна соборна црква “Свети Климент Охридски” во овој град, кога претседатели биле професорот на Торонто Универзитетот по славистика, Џим Џуглов и познатиот музичар проф. Филип Ангелковски. Катин паралелно се занимавали и со новинарство, уредувајќи го „Црковниот билтен“, а соработувал и со други информативни гласила во Канада и САД.

Инаку, македонската православна соборна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто  е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. Таа е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седум годишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата.Тоа е постигнато благодарение на демократска Канада која се смета за светски пример на мултикултурно општество. Таа е прва земја во светот која официјално го призна мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната, значајна и доследна недискриминаторска политика.

Во летото 1970 година, по препорака на тогашниот југословенски амбасадор Митко Чаловски се вратќа во Македонија како студент на Владата на тогашна Социјалистичка Република Македонија, преку Матицата на иселениците од Македонија. Заедно со неколку студенти од Канада и Австралија имал статус и бенефиции како странски студент во Македонија, со цел, пак, да се врати во Канада.

Меѓутоа, во 1972 година стапил во брак со Нада Иванова, професор по македонски јазик и литература и останал да живее во Македонија, во древниот Охрид. По дипломирањето на Филолошкиот факултет (1974), Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон.

Од 1979 до 1984 година, Катин е во Матицата на иселе-ниците од Македонија, каде ја води Информативната служба и работи како преведувач и новинар во списанието “Македонија”. Од 1984 до 1990 година се наоѓа во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (РК ССРНМ), каде го уредува “Информативниот преглед” и други информативни публикации на оваа општествена организација. Воедно, од Претседателството на РК на ССРНМ е именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ во сферата на религијата и верските заедници.   

Од 1991 до 1998 година Катин (именуван од Собранието на Република Македонија, како самостојна и независна држава) ја врши функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Во 1999 година повторно се враќа во Матицата на иселениците од Македонија, сега веќе трансформирана во Министерство за иселеништво, кое, по една рекон-струкција на Владата, е рангирано (деградирано) во Агенција за иселеништво. Со цел поангажирано да се посвети на иселеништвото, во 2001 година, Катин ја напушта Агенцијата и заминува во предвремена пензија

Славе Катин е aвтор на шеесет и две публикации, од кои 22 со името Македонија, на дваесет монорафии за познати личности од дијаспората и Република Македонија, на десетина дела посветени на религијата и МПЦ-ОА, на десетина лексикографски изданина, на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми и други собири. Исто така, автор е на над пет илјади новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот.

Славе Николовски – Катин беше акредитиран новинар од Македонија за Австралиско-македонски неделник од Мелбурн во период од три години и за Меѓународна политика од Белград. Поголемиот број од неговиот опус на материјалите се однесува и е сврзан со активностите и животот на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада, САД и Европската Унија, како и на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земји, а 50-тина преводи од македонски на англиски во рубриката ,,Од месец до месец” во списанието Македонија се однесуваат на културно-политичкиот и општествениот живот во Република  Македонија.

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој,  е добитник на наградата „Крсте Петков Мисир-ков“ (1988) на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката, „Признание за животно дело“ на 48-те Љубански илинденски иселенички средби (2021), „Повелба за животно дело 2022“ на Пелагониските културно-науќни средби, како и најпрестижната Глобална награда за животно достигнување“ (2022) на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, за постигнувањата на полето на дијаспората.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН