Трамп потврди дека ќе се сретне со Нетанјаху во Вашингтон „многу скоро“

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека во Вашингтон ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Информативниот сајт „Аксиос“ вчера објави дека Нетанјаху следната недела ќе ја посети американската престолнина на разговори со Трамп.

Претседателот на САД денеска потврди дека ќе го прими израелскиот премиер. Трамп не прецизираше кога тоа ќе се случи, ограничувајќи се само на изјавата дека средбата ќе се одржи „многу скоро“. 

Трамп е цврст поддржувач на Израел.