Скопје ќе биде домаќин на состанок на лидерите од регионот за Планот за раст за Западен Балкан

Северна Македонија, во втората половина од март, годинава, ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија. 

Како што соопшти Министерството за европски прашања, одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план.

-Оваа одлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство, стои во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот.