Во касарната во Велес, Ден за високи гости и затворање на вежбата „Maple Arch 24“

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе присуствува на Денот за високи гости и затворањето на вежбата „Maple Arch 24“ која се реализира во нашата држава од 25 ноември.

„Maple Arch 24“ е меѓународна вежба на која учествуваат околу 600 припадници од четири сојузнички и две партнерски армии. Покрај припадниците на македонската Армија, учество земаа и припадниците на вооружените сили на Канада, Полска, Литванија, Украина и Грузија. Станува збор за компјутерски асистирана вежба, комбинирана со теренски активности кои се одвиваат истовремено на армискиот полигон „Криволак“.

Вежбата е спонзорирана и поддржана од страна на Директоратот за воена обука и соработка на Вооружените сили на Канада, соопшти Министерството за одбрана.