Владите на Северна Македонија и на Косово во понеделник во Приштина ќе одржат заедничка седница

Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во понеделник во Приштина ќе одржат заедничка меѓувладина седница.  

Како што информираат од владината прес-служба, во рамки на меѓувладината седница ќе бидат потпишани и неколку меморандуми и договори за соработка во повеќе области.