„Перспектива за заедничка иднина“ – настан на кој ќе се разговара за процесот на пристапување на земјава во ЕУ

Во организација на Меѓународниот балкански универзитет денеска ќе се одржи настанот „Перспектива за заедничка иднина“, на кој ќе се разговара за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и односите меѓу ЕУ и Турција.

Настанот ќе се одржи во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет, а како што е најавено, ќе опфати воведни обраќања, тематски говори и панел дискусии, со присуство на државни и дипломатски претставници, како и експерти од областа на европските интеграции. 

Како што соопштија од Меѓународниот балкански универзитет, обраќање ќе има министерот за европски прашања Орхан Муртезани, како и амбасадорите на Унгарија и Турција во земјава, Андраш Клајн и Фатих Улусој.