Над 75 милиони Американци веќе го искористија правото за рано гласање

Над 75 милиони Американци досега веќе го дадоа својот глас на претседателските избори во САД, користејќи го правото за рано гласање.

Оваа бројка претставува нешто над 48 отсто од вкупниот број гласачи кои гласале на претседателските избори во САД во 2020 година, кога вкупно гласаа 154,6 милиони, објави американскиот портал Аксиос. Овие податоци покажуваат дека раното гласање и гласањето по пошта стануваат сè попопуларни методи на гласање.

Во американската сојузна држава Џорџија, веќе гласале над четири милиони гласачи, што е речиси 80 отсто од вкупниот број гласачи во таа држава на претседателските избори во 2020 година, според податоците од лабораторијата за избори на Универзитетот на Флорида.

На раното гласање во американската држава Северна Каролина, досега правото го искористиле над 4,4 милиони гласачи, што е 80 отсто од вкупниот број гласачи во таа држава на изборите во 2020 година.

Околу 100 милиони луѓе гласале на предвреме на изборите во 2020 година во САД, било лично или по пошта.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп, и потпретседателката на САД од редовите на демократите, Камала Харис.