Писмена реакција за ставот на Грчката Влада

Почитувани,

 

Во врска со ставот на Грчката Влада, која преку портпаролот Димитрис Sанакопулос, порача дека промена на Уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Во екот на брифинзите кои Никос Kоsијас ги прави со Грчките партии за текот на преговорите Владата на Алексис Ципрас уште еднаш ја испорача својата уцена. Без промена на Уставното име, отстранувањето на од нив замислениот Македонски иредентизам нема меѓународен договор, ниту ЕУ и НАТО за Македонија. Дури и лидерот на Потами, Ставрос Теодоракис, кој наводно како „помек“ треба да биде замена за ултра радикалниот Панос Каменос, на Грчката ЕРТ јавно соопшти дека остранување на иредентистичките одредби од Македонскиот Устав и учебниците е услов кој според него мора да се исполни.

 

Клучното прашање е за што ќе преговараат Никола Димитров и Никос Коsијас во Охрид? За што е оптимист Зоран Заев? Официјална Атина под решение подразбира само прифаќање на нивните уцени и ништо друго. Денешната информација дека Грчката Влада ќе инсистира евентуалниот нов меѓународен договор да биде изгласан со од 180 пратеници во Грчкиот Парламент е уште еден доказ дека Грција преговара за да не се договори! После прекршувањето на Времената Спогодба од нивна страна што е верификувано со пресуда на Судот во Хаг, Ципрас и Коsијас немаат мандат за нов меѓународен договор бидејќи не го спроведуваат актуелниот. Кај се осудена земја која не почитува меѓународно право па згора на тоа тие бараат Уставни измени како гаранција.

 

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ!

 

Македонскиот народ бара информација со кои позиции Македонската страна преговара? Бараме цврста и одлучна национална позиција која единствено може да биде логичен одговор против одговор за уцените и барањата од официјална Атина да прифатиме ново име и идентитет. Не може Македонија вечно да попушта а Грција да си измислува се повеќе нови и порадикални иредентистички уцени.

 

Бараме времен прекин на преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што Македонија во согласност со важечката Времена Спогодба веднаш ќе добие покана за полноправно членство во НАТО Алијансата. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски